Blackphone ултра безбедниот мобилен телефон, брзо исчезнува од полиците на продавниците
Објавено на од во Uncategorized

Очигледно голема е побарувачката за комерцијално достапни кодирани телефони, кои се отпорни нашпиунирање од страна на агенциите за разузнавање и сајбер криминалците низ целиот свет.

Weir Jones, поранешен директор на Британскиот телеком одби да ги открие бројките кои се однесуваат на нивна продажба. Но овој човек го измисли комерцијално достапниот smartphone кој ќе биде отпорен на следење на комуникациите, долго пред Edward Snowden да се појави. Weir Jones рече дека неговата компанија SGP Technologies работи напорно за да се остане во чекор со побарувачката.

blackphone

Mike Janke, извршниот директор и ко-основач на Silent Circle со Blackphone во раката.

Во срцето Blackphone мобилниот телефон има нов оперативен систем Android, наречена PrivatOS. Blackphone доаѓа со вградена енкрипција која ги штити инстант пораките, говорниот и видео разговор. Blackphone е резултат на заедничка соработка помеѓу компаниите Silent Circle и Geeksphone. Им беше потребно шест месеци за дизајн и производство.

Blackphone е делумно идејата нагуруто за безбедност Phil Zimmermann, можеби најдобро познат како изумителот на алатките за PGP енкрипција. Blackphone-от е секси и многу тенок телефон со 4,7-инчен екран, quad-core 2 GHz процесор и 1GB LPDDR RAM меморија.

Покрај тоа, Blackphone доаѓа со сензор за гравитацијата, сензор за светлина, сензор за близина, магнетен сензор и GPS. Дополнителни функции вклучуваат чување на бекап датотека, сигурен пренос на податоци и приватни прелистување.

Телефонот се продава по цена од 629$.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×