Благица Петрески: Европската перспектива е моментално најреалното економско ветување
Објавено на од во Интервју

За отварање blБлагица Петрески
главен економист и извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think

Ако предвидуваме раст на БДП, раст на платите, кратење на даноците, особено за време на Ковид-криза, тогаш мора да знаеме од каде ќе произлезе новата вредност во економијата која ќе овозможи сите тие растови и кратења да бидат остварливи и одржливи на долг рок. Поддршка на економијата ќе даде забрзан ôд по европскиот пат, пред сé тука мислам на процесот на преговарање за членство во ЕУ, и тоа е моментално најреалното економско ветување, ама не е замена за економска визија на оваа земја.

 

Г-ѓа Петрески, првото прашање во овој разговор несомнено се наметнува од дилемата што ја поставувате и самите во последната публикација на Институтот за економски истражувања, Finance Think, а тоа е – колку нашата економија може да ги издржи економските изборни ветувања на политичките партии?
Како истражувачки институт, ние и се обидуваме да дадеме квантитативен одговор на тоа прашање и резултатот е дека, споредено со претходни избори, ветувањата се врамени во поразумни граници. Сепак, остануваат на политичко -економската сцена клучни ветувања кои, земени како „грандиозни“ економски исходи, не се поддржани со нашите пресметки и симулации. Причините за нивната неостварливост се различни: некои ветувања не зависат само од волјата на владата, туку пред се` од пазарните услови, како што се ветувањата во делот на платите; други ветувања кои зависат главно од волјата на владата, како што е даночната политика, може да завршат со значаен пад на буџетските приходи кој повторно ќе не` доведе на растечка патека на јавниот долг.
Но, она што партиите не успеаја да го демонстрираат во целост е визијата за економијата. Практично кажано, тоа значи, ако предвидуваме раст на БДП, раст на платите, кратење на даноците, особено за време на Ковид-криза, тогаш мора да знаеме од каде ќе произлезе новата вредност во економијата која ќе овозможи сите тие растови и кратења да бидат остварливи и одржливи на долг рок. Поддршка на економијата ќе даде забрзан ôд по европскиот пат, пред сé тука мислам на процесот на преговарање за членство во ЕУ, и тоа е моментално најреалното економско ветување, ама не е замена за економска визија на оваа земја.
Ако ги искалкулираме сите проекти на партиите од изборните програми, произлегува дека не би им стигнале ниту 20 милијарди евра, односно уште еден бонус годишен буџет во текот на мандатот за да реализираат се што ветиле. Како економист, како ги оценувате овие предизборни ветувања на партиите и кој е мотивот според Вас да се оди толку далеку кога се ветува во кампања?
Немам дилема дека мотивот е освојување што повеќе гласови. Но, сметам дека, денес, општествената свест е подигната повисоко споредено со пред 4 или 8 години, така што колку подалеку се оди со предизборните ветувања, посебно кај економските параметри, толку е и поголем уделот на гласачите кој вели „ама, јас знам дека тоа е невозможно“. Нашата цел, како институт, е да ја подигаме таа свесност, за да може граѓаните во голема мера сами да просудуваат кога едно ветување е реално, а кога не. Нашата тековна иницијатива „Економски компас“ во склоп на програмата Цивика Мобилитас цели кон евалуација на економските изборни програми, а по изборите ќе продолжи со мониторинг на остварувањето на ветувањата на партиите кои ќе ја формираат владата. Сепак, како општество треба да бидеме малку нескромни, и да кажеме дека денес имаме политички натпревар со економски изборни програми многу повеќе од тоа што имавме порано.
Просечната плата се користи како главна алатка за подобрување на животниот стандард, но во вакви услови кога постои пазарен притисок, може да се искористат и други алатки кои ќе го подобрат животниот стандард, како што е подобрување на квалитетот на јавните услуги. Првенствено мислам на услугите во образование и здравство, каде што граѓаните имаат значајни издатоци од ‘приватен џеб’. Доколку се подигне квалитетот и пристапноста до услугите, може значајно да се подобри квалитетот на живот, посебно кај најранливата категорија граѓани.
Во Вашето последно истражување, анализирате четири одделни политики од даночно – социјалниот домен. Прво, колку растот на просечната плата што го ветуваат партиите е реално достижен?
Со текот на времето, политичките партии почнаа да се натпреваруваат во делот на платата, што не е нелогично, бидејќи таа е основниот показател за животниот стандард на граѓаните. Во претходниот период, растот на просечната плата забрза, како резултат на порастот на минималната плата и субвенциите на придонесите, како и на општиот недостиг од квалификувани работници, но сега тој раст е под значаен ризик од случувањата сврзани со Ковид-кризата, особено, пак, ако знаеме дека пазарот на труд главно реагираше со намалување на платите и работните часови, а многу помалку со отпуштање на работниците.
Тоа е сегашната состојба, која многу може да се смени доколку ударот од Ковид-19 трае или ако на есен се врати со поголем интензитет. Кога на тоа ќе додадеме дека платата е пазарна категорија, која главно зависи од создавањето нова вредност во економијата, доаѓаме до заклучокот дека цврсто ветување сврзано со просечната плата и не може да се даде. Затоа и во симулациите ние предвидуваме две сценарија: прво во кое ефектот од Ковид-19 би бил пократок, односно главно ограничен на 2020, сценарио кое како што изминува времето станува помалку веројатно; и второ во кое тој ефект би се оддолжил и низ 2021. Според овие сценарија, во 2024, просечната плата се предвидува во распон од 29.000 до 31.000. Видете, постојат шокови во економијата кои не ги знаеме денес и не можеме да ги предвидиме, а кои може значајно да ја изместат оваа проекција. На пример, Ковидот може да продолжи и да засили во таков обем што годинава може да видиме и значаен пад на платите.
Просечната плата се користи како главна алатка за подобрување на животниот стандард, но во вакви услови кога постои пазарен притисок, може да се искористат и други алатки кои ќе го подобрат животниот стандард, како што е подобрување на квалитетот на јавните услуги. Првенствено мислам на услугите во образование и здравство, каде што граѓаните имаат значајни издатоци од „приватен џеб“. Доколку се подигне квалитетот и пристапноста до услугите, може значајно да се подобри квалитетот на живот, посебно кај најранливата категорија граѓани.
За внатре1 blВо однос на минималната плата, кое е нивото на пораст што го оправдува продуктивноста на работниците следните четири години и колку тоа соодветствува со бројките од изборните програми?
Уште од воведувањето во 2012, минималната плата е жешка, па би рекла и компромитирачка тема, во смисла дека остана механизам кој служи и за исполнување предизборни ветувања. Најпрво таа беше поставена како процент од просечната плата, па се случија ад-хок зголемувања, па се постави да се усогласува со порастот на БДП, платите и цените, па пак се случија ад-хок зголемувања. Ова треба да престане, бидејќи може да се доведеме до раб кога тоа може да има контра-ефекти. На тоа укажа и наша студија од 2018, каде што јасно се документирани ефектите според кои порастот на минималната плата е добар за животниот стандард, меѓутоа треба да се набљудува и како трошок на работодавачот, кој ако стане висок, ќе резултира со затварање на работните места. Дополнително, сé уште не знаеме во целост како Ковид ситуацијата ќе се одрази на „силите“ кои ја движат минималната плата.
Имено, притисок за намалување на работните места не оди рака-под-рака со висока минимална плата. Дополнително, веќе кружат информации за враќање на сезонски работници од странство по отворањето на границите, или неможност тие кои планирале сезонска работа во странство да заминат. Тоа ќе го смени пазарот на труд во Македонија каков што го познававме.
Конкретно на вашето прашање. Ако минималната плата се движи според продуктивноста, во 2024 се проектира нешто над 16.000 денари. Тоа можеби изгледа малку, но да забележиме дека продуктивноста во Македонија долго време стагнира. Тоа беше така бидејќи растот на работните места често го надминуваше растот на БДП, што резултираше со стагнантен или негативен раст на продуктивноста. За жал, дополнително на ова, нашата студија од 2018 покажа дека раст на минималната плата е корисен за задоволството на работниците, но не влијае многу врз нивната продуктивност, што потврдува дека продуктивноста расте само со инвестиции во човечки капитал, иновации и технологија.
Партиите особено биле дарежливи и кога ветувале зголемување на просечните пензии, но од друга страна, како тоа може да влијае на дефицитот во Фондот за пензиско осигурување, ако се знае дека и сега тој од година в година расте и се финансира со трансфери од централниот буџет? Колку ги оправдувате најавите за зголемувања на пензиите?
Со реформата во пензиските финансии од 2019 – која подразбираше благо зголемување на пензиските придонеси, заедно со промени во начинот на усогласувањето и правилата за членство во вториот столб – се постигна значајна консолидација на пензискиот дефицит. Потребата пензиските расходи да се финансираат од централниот буџет дотогаш беше растечка и со овој потег тој раст за стопираше. За жал, со ад-хок зголемувањето од 2020, тој дефицит повторно почна да расте. Но, тоа ни покажа дека и мали отстапувања од предвидената патека за консолидација може значајно да придонесат за продлабочување на проблемите со ПИОМ. Затоа, нашите симулации и препораки се дека пензиите треба да се усогласуваат со порастот на трошоците за живот, со цел да се одржи животниот стандард на пензионерите. Исто така, случувањата во последните 2 години само го потврдија заклучокот од нашата студија од 2017, дека покрај затегнувањето кај придонесите, на среден рок ќе биде неопходно да се размислува и за подлабока реформа за самоодржливост на пензискиот систем. Во спротивно, расходите за пензиите, и оттука дефицитот, ќе растат не само по основ на зголемување на пензии, туку и по основ на раст на бројот на пензионери, што е детерминирано од подолгиот животен век.
Фискалниот простор за непродуктивни трошења е истрошен
Една од партиите најавува намалување на стапката на данок на добивка и на личен доход од 10%, прво на 9% догодина, па потоа на 8%, но и ослободување од данок за вработување на млади до 29 години. Какви ефекти би имало ова врз поттикнување на вработеноста, но и врз приходите во буџетот?
Главните аргументи за намалување на директните даноци, посебно тие на личниот доход, се сведуваат на тоа дека ќе се намали даночниот товар на платите, поради што ќе се поттикне вработувањето. Последново, заедно со намалена даночна евазија, ќе доведе до поголеми приходи од даночниот рез. И овој аргумент е валиден во генерална смисла, но во Македонија е целосно исцрпен. Тоа го потврдуваат и нашите симулации кои велат дека пад на даночната стапка од 10% на 8% ќе ја зголеми вработеноста за 0.5 процентни поени, додека таков пад на стапката на придонеси ќе ја зголеми за 2.2 процентни поени. И, ова е очекувано, бидејќи главен товар на платите се придонесите, а не данокот на личен доход. Затоа, ако понатамошно намалувате нешто што е веќе многу мало, тогаш ефектот е премал или никаков. Дополнително, за најголем дел од платите, ефектот на данокот на личен доход е намален од даночното ослободување, така што ефективната стапка за тие плати е многу пониска од 10%. Со медијална плата од околу 20.000 денари (не постои прецизен податок кој би се добил од ДЗС), половина од работниците добиваат плата пониска од тој износ, па за таков тип работни места, намалувањето на данокот целосно не би имало смисла. Тоа дополнително го покажува и симулацијата на ефектот за младинската невработеност, која и воопшто не реагира на промена на данокот, односно ефектот кој го забележуваме е во рамки на маргината на грешка. Од друга страна, од она што го елаборирав сврзано со ПИОМ, кристално јасно е дека не постои никаков простор за намалување на придонесите.
Понатаму од слабиот ефект врз вработеноста, пад на стапките кај директните даноци би имал значаен негативен ефект врз буџетот, кој е проценет на околу 1% од БДП во 2024. Ако на прв поглед тоа се чини малку, тогаш да кажам дека во апсолутен износ надминува 120 милиони евра годишно. Таквите изгубени приходи ќе треба од некаде да се компензираат – дали преку раст на долгот или на поинаков начин, тоа би било избор на носителите на политиките.
Економскиот шок предизвикан од коронавирусот е од досега невидени размери и, по таа основа, значително ќе влијае врз водењето на економските и социјалните политики, особено ограничувајќи го фискалниот простор. Сите заклучивме дека не е можно на здравствената криза повторно да се одговори со затварање на економијата, бидејќи тоа не е издржливо ниту за бизнис секторот, ниту за државниот буџет. Новите носители на економските политики ќе имаат тешка задача во претстојниот период. Владата дизајнираше мерки кои Finance Think ги процени како генерално коректни, иако на самите почетоци имавме чувство дека не постои добра координација кај носителите на политиките. Гледано малку пооптимистички, какви било здравствени сценарија треба да се пресретнат со иновации, реструктурирање и дигитализација кај фирмите, а структурна поддршка ќе даде и процесот на преговори за членство во ЕУ. Државата ќе треба да размисли дали може да привлече нови компании кои сакаат да се реалоцираат поблиску до своите фирми мајки во Европа и секако да го подобрува бизнис амбиентот, првенствено преку зајакнување на владеењето на правото.
Во изборната програма на владејачката партија повторно се спомнува можноста за воведување прогресивен данок, но со отворање на широка јавна дебата претходно. Како го оценувате ова со оглед на тоа што резултатите од претходната година кога се воведе ваков модел, покажаа дека не се постигнале очекуваните ефекти?
Тоа беше политика со добра намера, меѓутоа воведена изнасилено, без сослушување на засегнатите страни, и политички целосно нетактично. Finance Think беше прв кој уште во мај 2019 ги симулираше ефектите и уште тогаш тие беа проценети на многу мали, а со голема политичка цена, чија форма ние во времето на објавување на таа студија каде што присуствуваше и тогашниот министер, не ја знаевме, меѓутоа дојде набрзо потоа. Во однос на прогресивниот данок, валидни се сите аргументи сврзани со поголема праведност, па да го уважиме и буџетскиот ефект кој ќе остане мал освен ако стапките не бидат превисоки или прагот пренизок. Единствено не е валиден аргументот дека сегментот кој е таргет на прогресивниот данок, најдоходните 1-2%, се збогатил поради рамниот данок. Наша студија од 2020 која ја публикувавме заедно со УНДП, покажа дека главниот ефект на растечката концентрација на доходот кај најбогатите 1% се должи на поставувањето граница на плаќањето придонеси на 4 просечни бруто плати некаде 2005-2006, која потоа се коригираше нагорно до сегашните 16 просечни плати, но не се отстрани. Во истиот период, се забележува и драстичен раст на концентрацијата на доходот кај топ 1%.
Но, поентата е дека секоја даночна реформа која цели да ги оданочи подоходните граѓани повеќе од другите најпрво мора да елиминира ваков тип „истекувања“ од системот. Паралелно, неопходно е да се изгради општествен консензус сврзан со повисоки даноци, што е тесно сврзано со даночната етика. Во одредена мера, некои размислувања како „зошто јас да плаќам ако мојот сосед не плаќа“ – што е поврзано со високата неформална економија – се валидни, и дополнителното оптоварување на плаќачите, а неказнување на неплаќачите само ќе ја влоши оваа ситуација. Второ, еднакво валидно е како се трошат парите на граѓаните. Расходната страна на буџетот бара неопходна рационализација, според моето убедување, преку некоја алатка со која ќе се мери вредноста и мултипликативниот ефект од секој потрошен денар. Значи, за да оствариме побрза развојна патека, како земја ни се потребни повисоки даночни приходи, но пред да се воведат повисоки даночни стапки, потребно е да се адресираат прашањата на сивата економија и ефикасноста на расходите.
Овие предизборни ветувања доаѓаат во исклучително неизвесен период за економијата, не само домашната туку и глобално поради пандемијата со коронавирусот? Колку ова може дополнително да ги помати сметките на партиите што ќе дојдат на власт?
Економскиот шок предизвикан од коронавирусот е од досега невидени размери и, по таа основа, значително ќе влијае врз водењето на економските и социјалните политики, особено ограничувајќи го фискалниот простор. Токму затоа, во погорните проекции се водевме од две сценарија, поблаго кое подразбира дека вирусот ќе ослаби и ќе го снема до крајот на оваа година, и поостро во кое тој би останал и последиците би ги имале низ целата 2021, а веројатно и потоа. Моментално, Македонија се наоѓа во вториот бран од вирусот, а здравствените експерти говорат и за извесен трет бран на есен, што оневозможува да сме оптимисти дека првото сценарио ќе се случи. Меѓутоа, веројатно сите заклучивме дека не е можно на здравствената криза повторно да се одговори со затварање на економијата, бидејќи тоа не е издржливо ниту за бизнис секторот, ниту за државниот буџет. Новите носители на економските политики ќе имаат тешка задача во претстојниот период.
Како го оценувате досегашниот одговор на државата во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз економијата? Што би требало да биде приоритет за новата Влада во тој поглед особено што наесен се најавува нов голем бран на ширење на заразата и сите меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа своите прогнози кон попесимистички?
Владата дизајнираше мерки кои Finance Think ги процени како генерално коректни, иако на самите почетоци имавме чувство дека не постои добра координација кај носителите на политиките. Направивме детална евалуација на мерката за задржување на работните места преку поддршка со 14.500 денари по работник месечно, заедно со мерката за субвенционирање на 50% од придонесите. Анализата покажа дека мерката помогнала да се задржат 80% од најзагрозените работни места, односно оние кои било веројатно дека ќе бидат изгубени, а проценети на 75 илјади. Во следниот период ќе направиме ваква евалуација и на мерката за релаксираните критериуми во делот на подобноста за примање гарантиран минимален доход, а паралелно ќе ги анализираме и ефектите кај најранливите категории работници, со посебен фокус на оние во неформалната економија.
Летово и од есен, економските текови мора да продолжат со прилагодување кон ситуацијата и преземање на сите мерки за заштита, и тоа во следниот период ќе биде најсилното оружје против значаен економски пад. Простор, особено кај државниот буџет, да финансира нов економски „локдаун“ нема. Гледано малку пооптимистички, какви било здравствени сценарија треба да се пресретнат со иновации, реструктурирање и дигитализација кај фирмите, а структурна поддршка ќе даде и процесот на преговори за членство во ЕУ. Особено кај извозниците, ова е време во кое може да се преиспита нивното позиционирање на глобалниот пазар, дали тие може да освојат нови пазари кои претходно биле опслужувани од подалечни места, како што е Југоисточна Азија. Странските фабрики присутни овде ќе треба да преоценат дали може да се вклучат и во некои други сегменти од веригата на снабдување, кои претходно биле лоцирани на трети далечни пазари. Помалите фирми ќе треба посилно да целат да станат снабдувачи на поголемите извозни фирми. Државата ќе треба да размисли дали може да привлече нови компании кои сакаат да се реалоцираат поблиску до своите фирми мајки во Европа и секако да го подобрува бизнис амбиентот, првенствено преку зајакнување на владеењето на правото.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×