Благој Бочварски: „Доаѓа нова сила, нова енергија во Штип, а старите кадри на ВМРО-ДПМНЕ одат во историјата“
Објавено на од во Интервју

2KK_4563Благој Бочварски
кандидат за градоначалник на Штип

„Вака, како што е сега, не треба да изгледа центарот на источна Македонија. Јас го замислувам Штип како модерен, урбан град, кој брзо се прилагодува на општествените промени. Град на еднакви, слободни граѓани; град во кој младите ќе се пронајдат себе си“

 

„Токму одовде денеска тргнуваме по патот на победата, и на 15-ти октомври, на градскиот плоштад, сите заедно ќе прославиме уверлива победа уште во првиот круг!“, изјави кандидатот за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, по конвенцијата за негова промоција, како и на кандидатите за советници од СДСМ, што во саботата (30.09) се одржа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Неспорно, дополнителна инспирација за ваквата изјава му даде и преполната сала во Домот на културата, во која за заинтересираните недостигаа столчиња, па многумина простум ја проследија промоцијата.

На лицето на младиот и енергичен архитект по професија, Благој Бочварски, ниту на конвенцијата, ниту во разговорот со нас, додека го интервјуиравме како кандидат за градоначалник на Штип, не успеавме да видиме каква и да е сенка од сомнеж во победата на претстојните локални избори.

Дека нема дилеми околу тоа со што треба да се зафати општинската власт во градот итно, па потоа и на среден и на подолг рок, Бочварски покажа со лаконските одговори – без вишок зборови што ќе ја оптоварат поентата – на прашањата од ова интервјуто за „Капитал“.

 

Ако победите на изборите, што ќе наследите од вашиот претходник? Што најмногу му забележувате?

Еден од најголемите проблеми за Штип е што локалната власт во заминување не започна ниту еден крупен капитален проект за градот. Недомаќинското работење кое излегува на виделина, бројните импровизации во градот кои се гледаат секојдневно после петнаесет минутен дожд. Ќе наследам проблем со сообраќајниот хаос во градот, немање на комуникација со граѓаните, затвореност на општината. Се борам и ќе воведам систем на вистински вредности, транспарентност и отчетност. Граѓаните мораат да знаат каде се троши секој денар од буџетот на Општина Штип.

 

18sКои се најитните приоритети со кои треба да се зафати идниот градоначалник на Штип?

Штип има многу проблеми, секако дека хигиената во градот е многу важна, а во моментот е на многу ниско ниво; заштита на бунарите за вода на градот Штип; во првите 100 дена ќе го искристализираме најдоброто решение за сообраќајниот хаос во градот, а потоа ќе се зафатиме со решавање на овој голем проблем. Овде мислам и на решавање на проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. Осветлувањето е на многу лошо ниво кое е тековна, но важна работа за безбедноста на граѓаните. Ќе ја намалиме цената на водата за 10%, а секој оној кој ќе селектира отпад ќе плаќа за 10% помалку за смет.

 

А кои се крупните капитални проекти планирани во вашата програма?

На Штип му недостасуваат крупни капитални проекти. Приоритет за нас е браната на реката Отиња, која е децениска желба на штипјани. Штип е можеби единствен град кој нема езеро или брана во своја близина. Овој проект ќе придонесе за намалување на летните температури. Гасификацијата на градот е клучна за намалувањето на трошоците за греење пред сѐ, а со тоа и за враќање на парите назад кај граѓаните. Секое домаќинство, фирма или административен објект преку гасификацијата ќе заштеди од 40 до 50% за греење. Ќе се намали загадувањето, ќе ги заштитиме шумите од сеча и.т.н.

Спортско рекреативен центар Суитлак, со голем аква парк за забава на најмладите и рекреација за повозрасните, со многу други пропратни содржини, велосипедски патеки, отворен и затворен базен и многу други пропратни содржини.

 

Каков е сега градот Штип, а како изгледа во вашата визија?

Градот бавно се развива, и заостанува, задушен во сообраќај и смет. Вака не треба да изгледа центарот на источна Македонија. Јас го замислувам Штип како модерен, урбан град, кој брзо се прилагодува на општествените промени. Град на еднакви, слободни граѓани; град во кој младите ќе се пронајдат себе си. Преку изработка на нов развоен Генерален урбанистички план, ќе тргне идниот развој на градот.

 

19sКолкава улога на изборите ќе одигра општата политичка клима – Заев повикува „на 15 октомври да се заокружат промените што носат живот за сите“, а Груевски локалните избори ги смета за референдум на кој „народот ќе се искаже за новата визија, на енергетизираното, освежено и реорганизирано ВМРО-ДПМНЕ“?

На овие избори граѓаните имаат две опции. Едната е онаа која ја враќа Македонија назад низ слепите сокаци, на патот на криминалот, корупцијата, заплашувањата, притисоците, уцените; Македонија приватна земја на една мала група на луѓе; и втората опција за една модерна, напредна Македонија, Македонија со повисоки плати, пензии, навремени субвенции, инфраструктура, капитални проекти. Овие избори се референдум за или против Македонија. Затоа се обединивме преку дваесет партии во борбата за подобар живот за сите граѓани, во борбата за Македонија. Убеден сум дека ќе победи СДСМ и нашата коалиција. Во Македонија ќе има живот, за сите.

 

Каква кампања и каков изборен ден очекувате, со оглед на големината на влоговите со кои партиите влегуваат во изборите што се сметаат за клучни за правецот во кој ќе оди државата?

Јас сум оптимист дека сепак, остатокот од кампањата, ќе биде фер, коректен – секој со својата понуда да се обиде да добие глас повеќе од граѓаните. Но, еве ќе ги повикам уште еднаш моите опоненти да не им падне на памет да ги заплашуваат и да им се закануваат на моите сограѓани. Институциите на системот ќе реагираат, а секој кој ќе се послужи со каков и да е метод на заплашување на гласачи може да добие казна затвор и до 5 години. Што се однесува до мене и до СДСМ, ние ќе направиме сѐ за да имаме мирна кампања и мирен изборен ден. Ги повикувам институциите на системот да бидат во заштита на интересите на граѓаните и на нивната слободно изразена волја на денот на изборите. Убеден сум во победа во првиот изборен круг на 15-ти октомври. Доаѓа нова сила, нова енергија во Штип, а старите кадри на ВМРО ДПМНЕ ќе заминат во историјата. Тоа го покажуваат анкетите, тоа го чувствувам секојдневно со поддршката која ја добивам од моите сограѓани.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×