Благој Митевски: Зошто ни се потребни вториот и третиот пензиски столб?
Објавено на од во Колумна
145200_11377585335d2b1ca19ae37_bigОна што вториот и третиот столб можат да го создадат за економијата, e да предизвикаат раст и развој на истата, во сектори кои се специфични и кои се традиционално скептично прифатени од страна на пошироката јавност. Довербата во пензискиот систем може да биде подигната со паметно работење на структурите во вториот и третиот столб. Исто така и бројот на клиенти, особено во третиот столб. Стабилноста која се нуди со овие два столба за пензискиот столб, во услови кога нашиот пензиски систем е благо кажано на две стаклени нозе, е исто така голема придобивка за државата, но и за самите клиенти. Воведувањето на втор и трет столб во пензискиот систем, иако прифатена со скептицизам, кој тлее и ден денес, е една од подобрите реформи направени во државниот апарат. 

 

Blagoj Mitevski 2

Благој Митевски адвокат, магистер по финансово право

Кога пред 15 – тина години се воведе реформата во пензискиот систем, и истиот се трансформираше од пензиски систем со еден столб ( државен задолжителен ) во тростолбен пензиски систем, во којшто покрај првиот столб, ќе постојат и втор столб ( приватен задолжителен ) и трет столб ( приватен доброволен ), никој не знаеше како ќе се одвива реформата, дали истата ќе успее, и кои ќе бидат последиците – позитивни и негативни од истата.
На старт самата реформа беше копија на пензискиот систем кој успешно беше и се’ уште е имплементиран во Република Словенија. Со копирање на законодавството, со воведување на тростолбен пензиски систем, и малку на „ бандаж “ воведување на реформата, при што првите пензиски друштва кои ќе раководат со парични средства на клиентите беа две од најголемите банки, со мнозински удел на странски ( читај словенски ) финансиски компании, реформата во пензискиот систем изгледаше како да е уште една реформа која треба да се проба во нашата држава. Но дали и колку оваа реформа беше и е успешна и преставуваше паметен чекор кон подобрување на условите кои се нудат на пензионерите ?
Несомнено самата реформа предизвика реакции од сите учесници на пазарот, како и меѓу државните институции, така и кај идните пензионери. Нашата држава е поднебје каде народот не верува во реформи, државните институции тешко ги спроведуваат, а финансиските пазари и инструменти се тешки за сфаќање за голем процент од народот, кој со доза на недоверба, иронија и суета гледа на нивното постоење и на правењето на капитал со нивна помош. Народот кај нас ги памети криминалните шеми низ штедилници, загубените девизи во лавиринтите на нивна пресметка во новата валута, паднатата вредност на југословенскиот динар, и ред други случувања кои ја поткопуваат вербата во финансиските институции.
Дури и политичарите кои кај нас повикуваат на демократија, со тоа и на слободен пазар, истовремено повикуваат и предлагаат јавно пензискиот систем да се врати под капата на државата, а средствата акумулирани во вториот и третиот столб да бидат префрлени на државни сметки. И дел од јавноста, дел од народот, тоа безрезервно го подржува.
Првиот столб е во „клиничка смрт“
Сепак, кои се предностите на овој тростолбен пензиски систем и зошто тој и е потребен на нашата економија и нашето општество ? Повторно, несомнено, довербата во ваквиот пензиски систем е мала, до тој степен мала, што на секоја пречка која се појавува на патот, веднаш се повикува на враќање исклучиво на државниот пензиски столб. Но за волја на вистината, причините за сомнеж во овој систем во изминатите 15 – тина години, се бројат на прсти на едната рака. Тоа говори за стабилноста на системот. Пред да дадеме одговор зошто овој систем е добар за целата економија, да се запрашаме во каква состојба е првиот пензиски столб, и како тој придонесува за развој на економијата.
Првиот столб е во …. клиничка смрт. И тоа континуирано со години наназад. За да исплати пензии секој месец, околу 40 % до 50 % од потребните средства за исплата на пензиите се дотирани односно повлекувани од страна на државниот буџет. Со покачување на минималната плата и на просечната плата, со промена на основицата на пресметковните придонеси, сликата е подобрена. Сепак огромен проблем е што младите се иселуваат, има континуирано висока бројка на слободни работни места, кои никој не сака да ги работи, добар процент од населението работи во сивата економија и не плаќа даноци кон државата.
Ваквата загуба на Фондот мора да биде покриена од постојани месечни дотации од државата. Или попросто објаснето, првиот државен пензиски столб не само што не придонесува за развој на економијата во државата, туку и е огромен трошач на државни пари, кои по правило и во нормални услови би требало сам да ги создава за себе од придонесите кои ги плаќаат вработените. Таа слика трае веќе 2 децении, и нема на повидок светло на крајот на тунелот, кое би донело поголема промена во тој поглед. Кратко и јасно – првиот столб е штетник на државниот буџет, наместо да биде развивач и двигател на целокупната економија.
Но затоа пак следните два фонда се оние кои ја имаат улогата на корисен и доволно голем играч на финансиските пазари во земјава. Како функционираат двата фонда ? Вториот е задолжителен, така што секое лице вработено за прв пат од 2007 година па до денес, по автоматизам влегува во, во моментот едно од трите пензиски друштва. Ако не направи самостоен избор во првите три месеци, агенцијата задолжена за овие столбови (МАПАС ), го префрла во некое од трите друштва. Задолжителниот момент кај вториот столб е оној кој гарантира клиенти. Да се биде член на третиот столб е лична одлука. Потпишувате договор со некое од трите пензиски друштва и уплаќате онолку колку сакате секој месец, без обврска да вршите уплата секој месец, и без обврска тоа да биде една иста континуирана сума. Во овој столб несомнена е потребата од борба помеѓу друштвата за клиенти, и за нивни што поконзистентни уплати и што повисоки износи.
На начинот објаснет погоре друштвата акумулираат парични средства за работа. Еден мал процент оди на сметка на друштвото од кое истото исплаќа плати и други додатоци на своите вработени. Другите преминуваат на сметки кои се контролирани од државниот регулатор ( МАПАС ), и со кои пари не може да се манипулира и да се вршат измами. Но затоа тие пари, пензиските друштва без оглед дали се од вториот или третиот столб ги користат за вложувања на финансиските пазари, согласно условите поставени од МАПАС, со цел заштита на средствата на клиентите- идни пензионери.
Одговор на прашањето од насловот е зошто овие фондови ѝ се потребни на државата, е токму поради нивната улога за акумулирање на што повисоки парични средства за идните пензионери и начинот на кој тие можат и треба да ги акумулираат истите. Односно, пензиските друштва средствата кои ги прибираат од страна на идните пензионери како уплати на индивидуалните сметки, имаат право, но и обврска да ги вложуваат во некој од финансиските инструменти во Македонија. Односно паричните средства треба да бидат чувани барем во банка во вид на банкарски депозит ( кој има најмал ризик, но и добива поголема каматна стапка од било кое индивидуално физичко или правно лице, кое би решило преку банкарски депозит да заштеди или заработи дополнителни парични средства ).
Можностите за инвестирање низ финансиските пазари на пензиските друштва, се речиси неограничени. Можат да вложуваат во државни обврзници или пак сега веќе и обврзници на приватни компании, можат во акции на берзата, можат да купуваат удели од компании, можат да инвестираат средства во инвестициски фондови, преку кои купуваат удели и во странски компании, можат да инвестираат во осигурителниот пазар во Македонија….. навистина имаат отворени можности за вложување на средствата на идните пензионери. Целта е, со добро менаџирање да се постигне поголема заработка, односно удел со поголем принос за секој клиент на пензискиот столб. Односно, секој иден пензионер, во моментот кога тоа и ќе стане – пензионер, да има што е можно поголема парична сума на својата сметка. Потсетуваме дека овие парични средства се под надзор на државниот регулатор – МАПАС, но и дека истите се наследни, односно и во најлошите ситуации, не се губат туку остануваат како наследство на најблиските на идниот пензионер.
Треба да се спомне и дека идните пензионери во никој случај не можат да ја изгубат пензијата во целост, бидејќи се заштитени од државниот регулатор. Во најлош случај би земале пензија која би била иста, како да се дел единствено на првиот столб. Во неколку конкретни ситуации, досега, имало дилема дали клиентот треба да е дел од вториот столб или да биде пензионер само од првиот столб за да зема повисока пензија, и тоа за идни пензионери кои се вработиле прв пат пред 2007 година, и кои избрале да се дел од вториот столб самостојно, но истите се решаваат со давање повторна можност на овие идни пензионери да изберат со која метода ќе земаат пензии, и ако се одлучат да бидат дел само од првиот столб, средствата акумулирани на нивна сметка во вториот столб им се префрлаат во целост во првиот столб.
Пензиските фондови – показател за иднината на вложувањата
Погоре објаснетиот начин за инвестирање на средствата акумулирани од идните пензионери, со оглед и на објаснетата стабилност која овие друштва ја носат со себе, имајќи ја и предвид стручноста на кадрите кои одлучуваат за инвестирање на средствата на пензионерите, но и регулаторната улога на државата, ги прави пензиските друштва големи, стабилни и паметни играчи на финансиските пазари. Односно, средствата кои тие ги менаџираат и за кои одлучуваат во кој финансиски инструмент ќе ги вложат во државата, се доволни за значително раздвижување на одреден финансиски пазар, негово окрупнување во значителен процент, но и играат улога во создавањето на динамиката на развој и раст на определен финансиски пазар или определен финансиски инструмент или продукт.
Со оглед на фактот дека вториот столб кој е задолжителен, секојдневно на месечно ниво акумулира се’ повеќе и повеќе средства од сите за прв пат вработени, и од сите кои се веќе постојани клиенти на истиот, не е тешко да се заклучи дека на месечно ниво постојано значително се зголемува обемот на средства со кои управуваат пензиските друштва кои управуваат со овие парични средства. Со тоа самите пензиски друштва стануваат е поголем и се позначаен играч на финансиските пазари, кои несомнено својата понуда треба да ја насочат кон привлекување на паричните средства од овие фондови. Покрај проектираниот принос, стабилноста на финансискиот инструмент кој се нуди, се клучните параметри кои се потребни да се привлечат пензиските друштва за постојани клиенти на еден финансиски инструмент.
Големината на паричните средства кои ги поседуваат пензиските друштва се доволни за раздвижување на економските текови со оглед дека нивна единствена цел е овие парични средства да се окрупнат на некој од финансиските пазари кои се нудат на територијата на државата. Поголемо вложување на парични средства од страна на пензиските друштва во еден инструмент или на еден финансиски пазар, за истиот би било многу значајно од аспект на негов развој, прибирање на средства за работа или тргување, но би значело и подигнување на довербата во истиот и привлекување на други инвеститори, без оглед на нивното домашно или странско потекло или без оглед на нивната големина. Пензиските друштва и капиталот кој тие го пласираат на пазарот, по логика би требало да укажуваат кои финансиски пазари, инструменти или приватни компании се стабилни за вложување и за долгорочно инвестирање на парични средства.
Пензиските друштва не само што треба да се показател за иднината на вложувањата во Македонија, туку треба и да преставуваат гаранција за развој на пазарите кои ги имаат одберено. Со тек на годините, кога сите вработени ќе бидат дел од вториот и третиот столб, токму нивните пари за пензии, ќе бидат еден од најголемите, ако не и најголем играч на финансискиот пазар во Македонија.
Заради сите објаснети причини потребата од вториот и третиот пензиски столб е евидентно голема, можеби и клучна во развојот и раздвижувањето на економските параметри во државата. Пензиските друштва и капиталот кој го имаат акумулирано, и кој постојано се зголемува, нивната можност да создадат широко портфолио, говори за тоа дека не треба ни да се помисли да истите бидат укинати, и да пензискиот систем биде вратен само на еден државен столб.
Она што вториот и третиот столб можат да го создадат за економијата, e да предизвикаат раст и развој на истата, во сектори кои се специфични и кои се традиционално скептично прифатени од страна на пошироката јавност. Довербата во пензискиот систем може да биде подигната со паметно работење на структурите во вториот и третиот столб. Исто така и бројот на клиенти, особено во третиот столб. Стабилноста која се нуди со овие два столба за пензискиот столб, во услови кога нашиот пензиски систем е благо кажано на две стаклени нозе, е исто така голема придобивка за државата, но и за самите клиенти. Воведувањето на втор и трет столб во пензискиот систем, иако прифатена со скептицизам, кој тлее и ден денес, е една од подобрите реформи направени во државниот апарат.
Поттикнувањето зголемување на процентуалното вложување од средствата кои ги уплатуваат сегашните пензионери за вториот столб, е мерка која треба да донесе развој во многу аспекти на економијата. Така да добро би било да се размисли минималниот процент од 3 – 4 %, од парите кои ги вложуваат вработените во вториот столб, да се зголеми постепено следните 2 години, на износ од 10 % од парите кои се уплатуваат за придонеси.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×