Блумберг: Санкциите на Трамп ги направија руските компании побогати за една милијарда долари
Објавено на од во Економија

Санкциите на САД за Иран и Венецуела ненамерно ја зголемуваат побарувачката за руска нафта и генерираат дополнителни приходи за руските извозници.

trump_fox_news_201508081Според Блумберг, руските нафтени компании заработиле дополнителни приходи од најмалку 905 милиони американски долари од минатиот ноември до јули. Основа за пресметките на експертите беше распределбата помеѓу цената на руската нафта од типот Уралс и Брент за наведениот период споредено со просекот во последните 5 години.

Како резултат на санкциите на САД и падот на производството на ОПЕК, типот Уралс започна редовно да тргува на ниво на Брент.

„Сега постои конкурентен недостиг на потешка нафта како резултат на санкциите против Иран и Венецуела и заради  намаленото производството на ОПЕК +. Уралс е со постојано висока цена во Медитеранот “, рече Констанца Рангелова, аналитичар во виенската консултантска компанија JBC Energy.

Санкциите на САД за Венецуела стапија во сила на крајот на јануари. Во мај беше воведена целосна забрана за набавка на иранска нафта.

Овие две земји произведуваат тешка нафта, што е слично на рускиот тип на нафта, Уралс. Таквата нафта се смета дека е со понизок квалитет, но многу рафинерии работат со неа.

Според Федералната царинска служба, извозот на нафта на Русија во 2018 година изнесува 129 милијарди американски долари, а во првата половина на 2019 година, 58,5 милијарди долари.

Традиционално, Уралс се тргуваше со помала цена од Брент во последните 5 години, и чинеше 1 американски долари за барел поевтино во Медитеранот и 1,63 долари за барел во Северозападна Европа. Таквата статистика Блумберг ја добил од експерти на S&P Global Platts.

Отстапката значително се намали минатиот ноември, кога Доналд Трамп ја ограничи можноста на другите земји да купат нафта од Иран. Од почетокот на оваа година, отстапката на типот Брент во северозападна Европа редовно беа тргувани со премија од 0,86 долари за барел.

Средоземноморието е регион каде традиционално се продава ирансканафта. Тука, цената на Уралс честопати ја надминува цената на Брент за над 1 американски долари за барел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×