Блумберг: Следниот судир за територии на НАТО и Русија ќе биде на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

NATO 3Во обемната анализа по повод придвижувањето на Акцискиот план за членство на БиХ во НАТО, Блумберг наведува дека Алијансата се надева дека ќе прими уште членки од Балканот, каде е „вплеткана во борба за влијание со Русија“.

Во тој контекст се укажува дека повеќето Срби во БиХ, заедно со својот лидер Милорад Додик, остро се противат на членството на таа земја во НАТО, за разлика од муслиманите и Хрватите кои сакаат потесни односи со воениот пакт.

Се истакнува дека НАТО годинава веќе еднаш ја потисна Русија во борбата за влијание во некогаш комунистичкиот исток на Европа, а дека сега се спрема за уште една пресметка „на местото на најголемото насилство на континентот по Втората светска војна“.

Сепак, како што предупредува Блумберг, во БиХ и понатаму постои опасност од зовривање на етничките тензии кои повторно се засилија минатата недела кога министрите за надворешни работи на НАТО повторно ја придвижија програмата која цела деценија беше „замрзната“ – Акцискиот план за членство на БиХ во НАТО.

Се наведува и дека Додик, кој е опишан како сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, кој ги претставува Србите во Претседателството на БиХ, кажа дека нема да поддржи „ништо што ќе значи каква било инклузија во воена алијанса, НАТО или која било друга“.

Од друга страна, бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ, кажа дека членството во НАТО е меѓу „најважните надворешнополитички цели“. Со тоа се согласува и хрватскиот член на Претседателството Жељко Комшиќ, кој кажа дека членството во Алијансата е приоритет и потсети дека поранешниот српски член на Претседателството Небојша Радмановиќ го поддржа Акцискиот план во 2009 година, кога за него првпат се дискутираше.

Меѓутоа, Блумберг истакнува дека Додик кажа дека геополитичката ситуација денес е сменета.

Се потсетува и дека поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Црна Гора веќе станаа членки на НАТО, а дека Македонија во јули беше повикана да ѝ се придружи на Алијансата.

Се потсетува и дека со Дејтонскиот договор од 1995 беше формирана држава со два ентитети, но се наведува и дека е создадена „слаба централна влада“, која се состои од групи кои „го попречуваат донесувањето одлуки, економскиот развој и политичката хармонија додека се караат околу прашања како распределбата на буџетските средства или кое знаме треба да се вее кога се сретнуваат“.

Блумберг наведува и дека противењето на Додик на потесните односи со Алијансата има историска подлога, и потсетува дека НАТО ги бомбардираше позициите на босанските сили во последните години од војната во Босна, по злосторството во Сребреница, како и дека ја бомбардираше Србија во 1999 година.

Американската агенција потсетува и дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров месецов ги обвини НАТО и ЕУ дека „ги забрзуваат напорите за да продолжат да го освојуваат регионот“ и дека им даваат на земјите „лажен избор“ дека мора да се придружат на Русија или на Западот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×