БМВ се спојува со Јагуар Ланд Ровер
Објавено на од во Економија
Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер  (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“.
1559776287_bmw-and-jaguarГигантите се одлучија да го преземат тој чекор за да ги намалат трошоците и да напредуваат во трката за производство на електрични автомобили на масовниот пазар.
Компаниите наведуваат дека ќе работат заедно на развојот на електрични мотори, менувачи и енергетска електроника во најновата алијанса формирана за решавање на предизвиците што ги поставуваат електричните автомобили и автомобилите без возачи.
Техничкиот директор на ЈЛР, Ник Роџе, вели дека партнерството ќе биде взаемно корисно во време кога автомобилската индустрија се соочува со најголемите технолошки промени. Тој рече дека времето се менува и дека потрошувачите се повеќе се заинтересирани за електрични возила и затоа е важно да се работи на напредна технологија.
Членот на Управниот одбор на БМВ, Клаус Фројлих рече дека двете компании заедно ќе имаат можност поефикасно да ги задоволат потребите на клиентите со скратување на времето за развој и побрзо пласирање на возилата и најновите технологии на пазарот.
БМВ беше еден од првите големи производители на автомобили што лансираа целосно електричен автомобил, а ЈЛР исто така има електричен автомобил, додека двете компании имаат низа хибридни модели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×