Богов: Ако кризата потрае, можно е зголемување на каматите и помал економски раст!
Објавено на од во Економија
Според гувернерот на НБРМ политичката криза би можела да ги одложи инвестициите на домашните и на странските компании, што ќе оневозможи нови работни места и раст на платите.

Поскапување на кредитите за бизнисите и за граѓаните ќе се случи ако политичката криза во земјава потрае и посериозно влијае врз економијата, најави денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов

“Во нашето основно макроекономско сценарио ја задржавме проекцијата за раст годинава од 4,1% и 4,5% наредната година. Но, сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор,  при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст“, рече Богов за време на разгледувањето на извештајот за работата на НБРМ лани. Тој додаде дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегнување  на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните.

“Ценовната стабилност ќе биде задржана, курсот на денарот во однос на еврото ќе биде задржан и ние ќе направиме се што е во наша моќ за да биде задржана стабилноста на банкарскиот сектор, но цената ќе ја платиме сите со тоа што ќе плаќаме поголеми камати и ќе имаме помал раст во економијата“, рече Богов.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×