Богов: Најреално е економскиот раст годинава да биде само 1,6%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Доколку политичката криза продолжи до крајот на годината што е засега најреално сценарио, економскиот раст наместо 3,5%, ќе достигне најмногу 1,6%, оцени гувернерот на Народната банка Димитар Богов презентирајќи ги најновите пролетни проекции на централната банка за домашната економија.

Ова алтернативно сценарио на Народната банка, која што самата го оцени како најреално, предвидува продлабочување на недовербата на граѓаните и како последица на тоа зголемена побарувачка за девизи, повлекување на депозитите од банките и намалена приватна потрошувачка.

„Во исто време, според ова сценарио се очекува зголемување на недовербата и на инвеститорите, како на странските така и на домашните, што значи помал прилив на инвестиции бидејќи политичката нестабилност влијае на инвеститорите. Освен тоа, предвидуваме понеповолни движења на пазарот на труд како и зголемени ризици за финансирање на економијата. Сето тоа ќе доведе до забавена кредитна активност, помал извоз, намалување на девизните резерви и секако помал економски раст“, изјави гувернерот Богов.

Според ова поцрно и во исто време пореално сценарио на Народната банка, банките годинава ќе одобрат само 3% повеќе кредити отколку лани, додека пак во основното сценарио без ефектите од политичката криза, се очекува кредитниот раст да достигне до 6,8%. Депозитите пак, се очекува да се зголемат за 2,3%.

Гувернерот Богов не криеше и денеска дека во април имало големо повлекување на депозити од банките, но ја сокри од јавноста сумата на пари што се извлечени од банкарските сметки. Тој потврди дека на менувачкиот пазар во последните недели настанала паника односно зголемен интерес за менување на денарите во евра поради стравувања од девалвација, но Богов вели дека во последните три дена, ситуацијата се смирува.

„Во текот на месец април на менувачкиот пазар се случи невообичаена висока продажба на девизи од банките кон граѓаните, што резултираше со негативен нето откуп по прв пат во последните неколку години. Последните информации ни кажуваат дека од вторник до денеска ситуацијата се смирува, се намалува побарувачката за девизи како и повлекувањето на депозитите, но сепак е далеку од нормалните услови на работење. Поради тоа, Народната банка одлучи да преземе неколку монетарни мерки, меѓу кои и зголемување а основната камата од 3,25% на 4% и ќе преземаме мерки се додека ситуацијата целосно не се нормализира“, изјави гувернерот Богов.

Тој потврди дека реално е да се очекува и дека зголемувањето на основната камата ќе ги зголеми и ратите за кредити на граѓаните и на фирмите, но и пасивните камати на штедачите.

„Јасно е дека кога основната камата во земјата се зголемува, праќа порака дека цената на парите ќе расте“, изјави Богов на прашањето дали може да се очекува и Министерството за финансии да ги зголеми каматите на државни обврзници особено откако неделава на последните аукции не успеа да ја обезбеди бараната сума.

Новите мерки што Советот на Народната банка ги донесе на денешната седница вклучуваат зголемување на стапката на задолжителна резерва за обврски на банките во домашна валута со валутна клаузула, како и зголемување на каматните стапки по кои банките ги плсираат девизните депозити во централната банка со што се очекува дека ќе придонесе и до повисоки камати за депозитите на граѓаните и фирмите во банките.

Основното и пооптимистичко сценарио на Народната банка, кое подразбира брзо стабилизирање на политичката криза, предвидува економски раст од 3,5%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×