Богов: Падот на еврото нема да влијае врз вредноста на влоговите и кредитите во евра
Објавено на од во Банки и бизнис

“Номиналната вредност на штедните влогови или кредити во евра или со клаузула во евра останува иста и не зависи од промената на односите на еврото со трети валути, на пример американскиот долар и швајцарскиот франк”, вели Димитар Богов, гувернер на Банка на Македонија.

Поради де факто фиксниот курс на денарот во однос на еврото, промените на вредноста на еврото во однос на другите светски валути нема никаков ефект врз имателите на девизни кредити и кредити со девизна клаузула во евра во Македонија. За оние, пак, кои имаат кредити во друга валута, како на пример во долари или франци, моменталните движења се неповолни и тие губат. Но, оваа изложеност во Македонија е многу ниска.

“Република Македонија главно извезува во еврозоната и не се очекува значителна промена на пазарниот удел на нашите извозници. Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги, кои дотогаш ги купувале од земји надвор од еврозоната или надвор од земјите чии валути се врзани за еврото, да почнат да ги купуваат од еврозоната или од оние земји чии валути се врзани за еврото.  Дополнително, можно е и извесно зголемување на пазарниот удел на нашиот извоз во земјите со кои надворешнотрговската размена е во долари, поради зголемената конкурентност”, вели Богов.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×