Богов: Политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки
Објавено на од во Економија

^781A8919A7A464124BED0062B7147BB9A7CA010B9931776CF3^pimgpsh_fullsize_distrГувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов апелираше денеска политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки.

„Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика“, вели гувернерот Богов во писмената изјава.

Ваквата реакција на гувернерот следи откако лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека стариот состав на ДИК нема мандат да одлучува за ветото на Наумов и ги предупреди банките да не преземаат нешто што не е одобрено од Наумов. На изјавата на Заев, следуваше и сооопштение од  министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој побара СДСМ да не се меша во политиките на банките и другите стопански субјекти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×