Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосо запре, ситуацијата се стабилизира
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов за „Ројтерс“.

БоговСамо во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,8% од вкупните депозити на населението како одговор на шпекулациите за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи.

Гувернерот Богов во интервјуто вели дека засега нема потреба Народната банка да ја зголеми дополнително основната каматна стапка која на 5 мај беше зголемена од 3,25% на 4%.

“Сега за сега ситуацијата се стабилизира, сигналот е пратен и веќе видивме одреден одговор од страна на банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите”, вели Богов, кој потенцира дека ако е потребно нема да воопшто да се двоуми да ги употреби мерките на монетарната политика за да се сочува макроекономската стабилност.

Богов не ја исклучува можноста Народната банка да ја намали каматната стапка ако политичката криза наскро биде разрешена и ако не постојат повеќе шпекулативни напади кои се случија со ескалација на кризата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×