Болтон: САД со воодушевување ќе поддржи брегзит без договор
Објавено на од во Политика
САД со воодушевување ќе поддржат Брегзит без договор ако така одлучи британската влада, изјави американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.
болтон„Ако тоа е одлука на британската влада, ние со воодушевување ќе ја поддржиме“, изјави Болтон кој ја започна дводневната посета на Лондон со средбата со британскиот премиер Борис Џонсон.
Џонсон сака повторно да преговара за условите на Брегзит со ЕУ пред крајниот рок на 31 октомври, но Унијата вели дека нема да биде изменет делот од договорот, за кој британскиот премиер вели дека мора да биде променет.
Болтон му рекол на Џонсон дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го види успешниот излез на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври и дека Вашингтон ќе биде подготвен да работи брзо на американско-британски договор за слободна трговија.
Анкета: Мнозинство Британци за „брегзит по секоја цена“
Повеќето Британци се со став дека премиерот Борис Џонсон треба да ја изведе Велика Британија од ЕУ „со сите средства“. Тоа се резултати од анкета за Дејли телеграф.
Педесет и четири отсто од анкетираните велат дека се согласни со тврдењето дека „Џонсон треба да обезбеди брегзит со сите средства, вклучително да повтори седница на Парламентот ако е неопходно за да не дозволи пратениците да го спречат“.
Четириесет и шет отсто не се согласуваат со тоа.
Биле анкетирани 1.645 луѓе и од резултатите се исклучени лица кои немале став за прашањето. Во анкетата поддршката на Конзервативната партија е зголемена за шест отсто на 31 отсто, а 27 отсто ја поддржуваа опозициската Лабуристичка партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×