Bond во Spectre не сакал да биде рекламен агент – одбил 50 милиони евра од Samsung 
Објавено на од во lifestyle

SpectreПознато е дека на филмовите од франшизата за тајниот агент 007/James Bond, големите светски компании гледаат како на медиум за реклама (пред сѐ преку позиционирање на производи – Product placement). Но, во со своето ново издание, Spectre, Bond не заработил многу во овој дел. Ако за да го има Heineken во филмот Skyfall производителот на пиво плати 45 милиони долари, сега екипата што одлучувала за Spectre одбила 50 милиони долари од Samsung. Образложението е дека и актерот Даниел Крег, и режисерот Сем Мендез, сметале дека моделите на смартфони што Samsung сакал да ги рекламира биле застарени. Одбиена била понуда и на Sony.

Останува непознато зошто франшизата вака драстично ја сменила политиката во однос на позиционирањето на производи. Можеби сметаат дека поради досегашното изобилство на прикриени рекламни пораки, љубителите на филмската уметност беа одвраќани од тоа да им даваат навистина добри оценки на филмовите за тајниот агент, кои понекогаш навистина нудат сериозно синеастичко искуство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×