Booster Week на Акцелераторот УКИМ, ЦЕЕД Хаб и Универзитетот од Луцерн, Швајцарија: Македонски стартапи добија експертска помош за побрзо излегување на светскиот пазар
Објавено на од во Компании

 

Booster Week на Акцелераторот УКИМ, ЦЕЕД Хаб и Универзитетот од Луцерн, Швајцарија

Програмата за стекнување нови знаења преку размена на искуства за македонски нови бизниси -стартапи и експертски тимови од Швајцарија, насловена „Booster week –Developing Entrepreneurship Together” се одржа од 6 – 11 мај во организација на Акцелераторот УКИМ, во партнерство со Центарот за претприемништво и развој (ЦЕЕД Хаб Скопје), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн.
Screenshot_1
Во периодот од 6 до 11 мај, Акцелераторот УКИМ беше домаќин на 80-ина експерти од Швајцарија. Целта на нивната посета беше да им се обезбеди стручна поддршка на 13 македонски стартапи и тимови, и тоа: студентски тимови од пред – акцелераторската програма и стартапи од акцелераторската програма. Програмата се спроведе во партнерство со ЦЕЕД Хаб Скопје, Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн, Швајцарија со шест професори и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје со десет професори, а имаше вкупно над 100 учесници од вкупно 28 земји и 3 континенти, доминантно од Македонија и Швајцарија, се разбира.
 „Она што се случуваше изминативе денови беше интензивна работа на унапредување на бизнис моделите и технолошките решенија со цел да се обезбеди побрз пристап на глобалниот пазар на 13-те македонски стартапи, учесници во нашите програми“, вели Александар Стамболиев, извршен директор на Акцелераторот УКИМ.
Тој додава дека комплементарните специјалности (инженери и бизнис), различниот пристап (структуриран и повеќе креативен), создадоа енергија за иновации која резултираше во континуирана адаптација на бизнис моделот согласно предлозите од различните перспективи на мешаните членови на тимовите (т.н. пивотирање).
32st„Четвртата индустриска револуција полека, но сигурно зема замав и во Македонија. Дигитализацијата, автоматизацијата, автономноста и многу други решенија се’ повеќе ќе ги заменуваат луѓето во досегашните работни задачи. На овој начин ќе се овозможи побрз, сеопфатен и адаптиран пристап до секој клиент. Но, ова го отвора прашањето како луѓето ќе може да се адаптираат во новите услови на работа кога поголем дел од досегашните и традиционални задачи ќе бидат превземени од машините и вештачката интелигенција? Одговорот е многу едноставен, ноистовремено и комплексен. Единственото нешто што ќе можат да го извршуваат само луѓето ќе биде нивната индивидуална креативност и адаптибилност. За жал или за среќа, оваа човечка особина се’ уште неможе да ја извршува никој друг освен луѓето. Со задоволство може да констатираме дека македонските иноватори имаат многу добри технолошки капацитети за креирање на нови производи и дигитални решенија. Перспективите на гостите од Швајцарија укажаа на фактот дека ќе треба да се овозможи континуирана менторска поддршка на македонските иноватори за развивање на логиката на носење на бизнис одлуки.“, објаснува Стамболиев.
Тој  најави дека Акцелераторот УКИМ во следните 3 години постојано ќе нуди поддршка од меѓународни ментори, што ќе овозможи на корисниците на услугите на Акцелераторот УКИМ побрза пристап до глобалниот пазар.
„На располагање имаме вкупно 530.000 евра кои сакаме да ги инвестираме во технолошки напредните бизнис решенија. Максимално 100,000 евра може да инвестираме во еден стартап. Нашите меѓународни партнери веќе изразија интерес за обезбедување на дополнителни финансиски средства, за што ќе информираме наскоро.“, вели извршниот директор на Акцелераторот УКИМ.
Веќе за следниот семестар планирано е проширување на меѓународната соработка со Универзитетот за применети науки и уметност од Луцерн, Швајцарија и во делот на соработка со индустријата од Швајцарија. Стамболиев најавува заеднички интер – дисциплинарни швајцарско – македонски студентски тимови, кои ќе работат на обезбедување на решенија на реалните проблеми на компаниите од Швајцарија.
„Високиот технолошки потенцијал на нашите иноватори, треба да се надгради со претприемачки дух и бизнис начин на размислување.  Мораме да работиме и на истрајноста и посветеноста, бидејќи големи резултати се постигнуваат само со голема пожртвуваност. Сепак, насекаде во светот има други тимови кои се обидуваат да понудат решенија. Кој прв ќе го понуди решението на постоечките проблеми или начини на работа, ќе успее да освои поголем дел од пазарот. Тоа го констатиравме и на глобалниот настан WEBIT во Софија во текот на оваа недела, каде што над 10.000 претприемачи, иноватори, стартапи и инвеститори дискутираа, презентираа и преговараа за сопствените технолошки решенија“, истакнува вели Стамболиев.
36s„Деликатес“ за гејмерите: елек со којшто ќе почувствуваат сè како во играта
АРАИГ Глобал (ARAIG Global), еден од учесниците во програмата, како што велат момците од овој стартап, имаат амбиција да отворат нова страница во светската гејминг индустрија. Приказната во Македонија ја носи претприемачот Стефан Клинг, којшто заедно со својот бизнис партнер Кирил Грујовски во 2018 ја отвораат компанијата.
„Нашиот иницијален стратешки партнер е канадската компанија IF-Tech, која ја развива технологијата, глобален патент, технологија која нуди примена во повеќе индустрии, како што се симулациите во воената и воздухопловната индустрија, медицината, но она што нас најмногу не’ привлече и беше тригер да влеземе во оваа авантура е гејминг индустријата. Денес АРАИГ Глобал ја поседува ексклузивната лиценцата за производство, маркетинг и продажба, на новиот продукт во гејминг индустријата, на глобално ниво. Се работи за мулти – сензорски уред, поточно костум, кој го развиваме заедно со канадската компанија“, вели Грујовски.
Преку овој мулти-сензорски елек, гејмерите но и останатите негови консументи ќе имаат можност да доживеат комплетно ново искуство низ видео игрите.
„Конечно гејмерите ќе имаат можност да го почувствуваат на себе, на своето тело, сето она што се случува во самата игра. Мулти-сензорската технологија, вградениот сараунд систем и комплетното wi-fiрешение на елекот, овозможуваат повеќе нивоа на различни динамични искуства. Она што претходно можевме само да го гледаме во видео игрите и виртуелниот свет, сега имаме можност буквално да го почувствуваме на себе.“, објаснува Грујовски.
Во моментов елекот е адаптибилен на одредени број на популарни видео игри за персоналните компјутери, а континуирано се работи на негова адаптација за игрите на конзолите, како и на уредите за игрите со виртуелната реалност.
„Во минатиот период работевме на неколку промени и подобрување на постоечките прототипови. Во моментов сме во фаза на изградбата на финалниот продукт со кој ќе излеземе на светскиот пазар. Како што веќе споменав, се работи континуирано на софтверската адаптација за одреден број познати видео игри, чии фанови со нетрпение го очекуваат својот нов геџет“, вели за Капитал Стефан Кланг, шведскиот партнер во АРАИГ Глобал.
Тој најавува дека официјалната продажба ја почнуваат преку Kickstarter кампањата, којашто е планирана за почетокот на 2020 година.
„Во меѓувреме имаме покана за посета на неколку гејминг хабови во Шведска, Франција и Канада, каде очекуваме да наидеме на одлична поддршка внатре во овие институции. Планирана е посета на уште неколку саеми за технолошки достигнувања и неколку гејминг ивенти, со што имаме можност за силна презентација на нашиот продукт, не само од овие институции, туку и од самите посетители. Продуктот пројави силен интерес и кај останати медиуми и телевизиски канали, конкретно кои се активни во гејминг индустријата. Не’ очекува доста работа во неговото промовирање.“, вели Кланг.
Za glavna 2Како што велат од АРАИГ, годинава треба да го направат стратешкото позиционирање на продуктот на глобално ниво, односно да направат партнерство со неколку поголеми реномирани компании кои работат на развој на нови игри и продукти во гејминг индустријата, со што заедно ќе ги промовираат своите нови продукти.
„Интересот е одличен, заради уникатноста на самиот продукт, а во тоа голема е и поддршката од страна на канадските партнери, кои веќе имаат изграден однос и контакти со неколку големи играчи на гејминг сцената.“, вели Грујовски.
Во акцелераторската програма на УКИМ имале одлична можност за директна размена на искуства и совети од одлични реномирани експерти во повеќе области, кои се фундаментални и имаат витално својство во развојот на стартап компаниите.
„Предавањата, советите и менторството се драгоцени, особено во текот на изминатава седмица, во која многу интензивно работевме со група од шестмина професори и студенти од мастер програмата за бизнис и администрација од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн во Швајцарија. Искрено сме многу пријатно изненадени од подготвеноста на гостите да ни помогнат. Тоа веднаш го докажаа, добивме конкретни совети и контакти за понатамошно делување, не само за влез на неколку гејминг хабови и ивенти, туку и отворена врата за секаков вид на совети во сите области кои се од интерес за нашата компанија и целосната маркетинг стратегија во периодот кој следи. Швајцарија во моментов е земја лидер, кога станува збор за инвестициите во гејминг индустријата. Сигурен сум дека стекнатото искуство и контактите во програмата ќе ја одиграат својата улога во скора иднина.“, вели Кирил Грујовски.
Тој додава дека едно од најчестите прашања што ги добиваат е зошто баш во Македонија решиле да развиваат ваков продукт.
„Затоа што имаме супер дополнителна мотивираност ова да го создаваме и градиме тука во Македонија, мотивираност која постои кај секој од нас. Секој сака да биде дел од некоја убава приказна, но мора да стои цврсто, да верува во проектот и да верува во себе. За тоа треба многу компромис, со себе, со семејството, со другите, со околината. Досегашниот процес на развојот на компанијата и продуктот го финансиравме со свои средства, а пред извесно време пристигна поддршката од нашиот прв инвеститор, кој веднаш се вклопи во тимот и внесе нова динамика во целата приказна. Што се однесува до нови дополнителни инвестиции или поддршка од фондови, мојот одговор е дефинитивно да. Страста не водеше и се’ уште не’ води. Нашата задача беше цврсто да се постават вредностите во тимот, кој ќе ја движи и развива компанијата во вистинскиот правец. Тимот, на некој начин и денес самиот органски се развива и расте. Во него дејствуваат и гравитираат експерти со стекнато интернационално искуство. Наши стратешки партнери се неколку домашни компании, како во производство на хардвер, софтверските решенија, маркетингот, гејмингот и социјалните медиуми. Јадрото е цврсто, тоа е примарната цел, а резултатот допрва следи. “
Za glavna 3Македонско решение за светски земјоделски предизвици
Интересна приказна има и зад стартапот Астро (Astro Surveying), основан од братучедите Зоран и Александар Ангелови, којшто се занимава со софтверски и хардверски решенија за земјоделството, поточно нивното решение е автоматски контролиран систем за наводнување на растенијата.
„Сe’ започна од пред една година, кога Александар доби задача на факултет да работи на решение за контрола на наводнување во земјоделството. Откако го заврши проектот едноставно не сакавме да седи и да фаќа прашина што се вели, па решивме со Александар да составиме мал тим што ќе може производот да го подобри и развие, а подоцна и лансира на пазарот. Составивме тим од 6 луѓе – ИТ, машински и земјоделски инженери. Откако направивме мало подобрување, стапивме во контакт со CEED HUB Macedonia и побаравме нивна помош бидејќи се професионалци во формирање на стартап и акцелераторски програми, околу тоа како нашиот систем за автоматска контрола на наводнување да го пласираме на македонскиот пазар. Можам да кажам дека имавме среќа да не’ вклучат со еднонеделната обука со тимовите и менторите од Универзитетот од Луцерн, Швајцарија.“, Зоран Ангелов го раскажува патот на Астро до програмата на Акцелераторот УКИМ.
Автоматизираниот систем за наводнување обезбедува решение за наводнување на градината автоматски дури и во отсуство на човечки фактор. Не е потребно индивидуално присуство за наводнување, бидејќи системот е автоматизиран сопомош на еден или повеќе од различните параметри достапни за планирање на наводнувањето, како што се мерење на влажноста на почвата, мерење на температура на околината, процени на евапоризација итн.  Проектот на Астро се базира на уредот кој работи на принцип на мерење на влажноста на почвата, со што се користи сензор за нејзино мерење.
„Предизвик во втората фаза на подобрување на уредот е проширување на спектарот на мерење на вредности, каде освен со сонди мерењата ќе се вршат и со дронови и нивна безжична комуникација, формирање на база на податоци од терен и давање на услуги на мали и големи производители на земјоделски производи.“, објаснува Зоран Ангелов.
Za glavna 4За време на акцелераторската програма, Ангелов вели дека работеле со исклучителни луѓе, професионалци од Швајцарија коишто добро го познаваат пазарот, маркетингот и финансиите, со цел да направат бизнис план.
“Со помош на Лиор Авнит, Ерих Штајнер, Милан Радош и менторот, професор Стивен Рајт, за една недела направивме истражување на домашниот и регионалниот пазар кој ни помогна да го дефинираме правецот и целите кој треба да го постигнеме во годината пред нас за да добиеме издржан и конкурентен производ на пазарот, односно со нивна помош успеавме да ја најдеме правата формула за да ја зголемиме вредноста на продуктот. Во периодот пред нас следи тестирање на Факултетот за земјоделство Скопје при УКИМ, конкурирање во неколку старт ап програми во земјава и странство, и наоѓање финансии за да го заокружиме целиов проект и да направиме комерцијализација на пазарот“, вели нашиот соговорник од Астро.

 


Среќна 13-ка

Краток преглед на сите 13 стартапи што учествуваа на пред – акцелераторската програма на Акцелераторот УКИМ и швајцарскиот Универзитет за применети науки и уметности од Луцерн

ARAIG GLOBAL
ARAIG Vest е мулти-сензорски стимулациски уред, костим кој целосно го води носителот во реалноста на медиумот и искуството. ARAIG Vest е мултиплатформа, ги стимулира сетилата, работи со други уреди, овозможува целосна мобилност за носителите, а сè што треба да се направи е да биде вклучен, да се синхронизира со платформа и да се подготви носителот да биде целосно нурнат во ARAIG Искуство. Гејмерите можат да се чувствуваат исто како што е прикажано во тој момент, сите бран ефекти на експлозија, тркалање на резервоарот, потрес на звук и остатоци, отпадот од отпуштање на оружје итн.
Astro Surveying
Компанијата “Astro Surveying” има 3 оддели кои меѓусебно ги поврзуваат софтверските решенија. 1.Софтверски решенија. 2. Софтвер и хардвер во земјоделството. 3.3D модел и печатење, Градење на информатички модел (BIM) и Виртуелна реалност (VR).
„Софтвер и хардвер во земјоделството. Инспириран од природата и земјоделството во Македонија, го развивме овој интелигентен, автоматски контролиран систем за наводнување на растенијата. Иницијалното решение за прототипот е едноставен проток на проверка на влага во почвата на подрачјето каде што сензорот е мерење и напојување на истиот простор со пумпа. Производот има температурен сензор, исто така, во употреба за статистика за температура на дневен, месечен или годишен план за одредување кои растенија може да се одгледуваат. За идна имплементација, планирана е опсерваторија за беспилотни летала. Беспилотно летало со термичка камера ќе лета над полето и ќе ја мери температурата на теренот и ќе определи кои делови од теренот треба да се напојат. “
 Citechsuite
Доларе Технологија ДООЕЛ од Скопје е ИТ компанија која е специјализирана за сегментот на развој на прилагодени софтверски решенија, нивно одржување, како и обезбедување на консултантски услуги поврзани со софтверски решенија. Во изминатиот период компанијата имплементираше неколку софтверски решенија за пазарот во САД, односно софтверски решенија за платежни услуги (прекугранични трансфери) за финансиски институции и софтвер за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (АМЛ софтвер) како составен дел на понуда на производи за финансиските институции. Во прилог на информатичката технологија услуги, како дополнителни активности, компанијата нуди консултантски услуги поврзани со управување со ризик во врска со финансирање на тероризам против перење пари.
GetOut
Ge Out e групатор за активности и настани. Веб платформа која ќе претставува пазарно место каде што луѓето можат да откријат активности и настани за истиот ден или во блиска иднина.
„Win, win ситуација и за клиентите и бизнисите каде што клиентите ќе имаат ‘едношалтерски систем’ за откривање на нови работи за да се доживеат по прифатлива цена. Од друга страна, бизнисите ќе добијат друг прилив на клиенти и платформа за да се продаваат себеси против нивната конкуренција. Друга продажна точка на платформа за бизнис страна, покрај слободниот маркетинг, ќе биде опцијата онлајн купување билети директно преку нашата платформа, која ќе им помогне на мали организаторите на настани со огромен дел од логистиката и ослободи повеќе време за да се фокусираат на обезбедување на подобро искуство нивните клиенти.“
Live Networks
Live Networks е компанија поврзана со ИТ, со главен фокус на развој на WEB апликации, IoT и во блиски идни блокчејни апликации. Главната цел на компанијата е да развијат сопствени иновативни и паметни производи и услуги наместо аутсорсинг услуги.
RPP- Recycled Plastic Products
Kомпанија за изработка на градежни производи од рециклирана пластика.
Resume Gurus
Resume Gurus е веб апликација која ќе им овозможи на корисниците да го креираат своето CV за 30 минути. Апликацијата се грижи за дизајнот,шаблони, бои. CV-то ќе биде интерактивно со HTML атрибути, ќе биде мешавина на CV и портфолио достапен преку линк (повеќе нема потреба од преземање датотеки).
„Откако ќе започне апликацијата, ќе ја продолжиме платформата со поврзување на првенствено ИТ компании на неа, овозможувајќи им да пребаруваат низ нашата база на податоци за биографија да пронајдеме вработени и обратно, овозможувајќи им на нашите корисници да аплицираат за работа со само 2 клика. Контролната табла на компанијата ќе се користи од страна на работодавци и ние ќе се справиме со сите апликации, овозможувајќи им да се фокусираат наоѓање на резиме што се вклопува, оставајќи ја апликацијата да се справи (состаноци, покани, интервју напредок, датотека,управување… [придобивката е да се отфрли преземањето на PDF датотеки и нивно организирање во папка, сè треба првенствено да биде веб-базирано].“
Sole Communication Networks
Solenet е социјална бизнис мрежа со интегрирана високо продуктивна платформа-како-услуга (hpaPaaS) што овозможува градење мулти-закупец, мулти-платформски (десктоп, мобилен, веб) и повеќејазичен едношалтерски систем, деловни софтверски апликации (ERP, CRM, BPM, DMS, PM, e-commerce решение, итн.) неколку пати побрзо и ефективно (тоа се мери најмалку 10 пати побрзо, но тоа пропорционално зависи од комплексноста на апликацијата) во споредба со конвенционалните платформи и рамки.
Scootere
Scootere имаат идеја за почеток да се создаде платформа за користење на електрични скутери како услуга. Ова го постигнуваат со помош на електричниот скутер Xiaomi Mi M365, за кој ќе се измени додатен мобилен GSM микроконтролер наместо Bluetooth микроконтролер.
Појдовна точка на секое возење е док станица, каде што корисникот ќе користи мобилна апликација за отклучување на еден од скутерите и возење до крајната локација, каде што повторно ќе го приклучи скутерот на одредена станица. Тоа е да се следи и снима за понатамошна анализа на податоци и погодност на корисникот со помош на API на Google Maps.
Плаќањата ќе следат по завршувањето на секое возење, а во моментов ние само ги истражувавме интернет плаќањата со користење на Visa и MasterCard, иако е возможен и систем за плаќање на СМС, иако не истражуван се уште.
„Досега развивме прототип на мобилната апликација користејќи рамка Flutter и back-end се развива во Django рамка. И двете од овие технологии имаат светла иднина и услови за идна поддршка и способност за скалирање. Док станиците се дизајнирани од еден од нашите тим членови, иако во моментов се потребни повеќе истражувања за да се одредат специфичните параметри на доковите, како што се максимално распределени докови за станицата на одредена локација, имајќи ги предвид овие би можело лесно да се прошири.“
Shard
Shard е проект кој има за цел да им овозможи на своите корисници брзо и едноставно да креираат зголемени реалистични презентации / инсталации што ги ” инсталираат “во реалниот свет, а потоа можат да бидат видени од други корисници во реално време. Со користење на веб апликацијата корисникот создава т.н. соби кои се состојат од компоненти, кои се состојат од елементи. Елементите можат да бидат слики, 3D текст, 3D објекти, па дури и 3D звуци. По креирањето на просторијата на интернет, со користење на мобилната апликација корисникот ги става своите компоненти во околината. Други корисници, користејќи ја истата мобилна апликација, со камерата на телефонот може да ја препознаат околината и да ја видат инсталацијата.
TravelApp
Идејата на TravelApp се oснова на градење на веб-страница и апликација наречена Travel App, која ќе претставува поедноставена начин да се најде превоз до одредена дестинација. Кои ќе бидат поевтини или понекогаш бесплатни, ефективен транспорт од локација до дестинација.
Wearable Smart Eyeglass
Wearable Smart Eyeglass развива интелигентни паметни очила со вграден мозочен стимулациски уред кој може да му помогне на корисникот да биде пофокусиран или порелаксиран во зависност од ситуациите. Производот е пренослив и стилски додаток за работната средина. Производот има интегриран сензор кој може да добие информации за емоционалната состојба на корисникот. Со алгоритми за машинско учење производот може да предвиди кога на корисникот ќе му треба дополнителна стимулација за да може да ја зголеми продуктивноста или да ја зголеми релаксацијата. Откако корисникот ќе ја потврди предложената стимулација, уредот ќе ја активира стимулацијата.
Wearable electronic systems
На Wearable electronic systems, деловната идеја е создавање на електронски системи кои се погодни за носење.
„Мехатронските уреди ќе бидат вградениво облека и накит. Производите ќе бидат произведени со 3D печатење со PLA материјал и електрониката ќе биде интегрирана на специјално дизајнирано место во зависност од нивната примена. Целната група за нашата модна колекција е од 7 до 77, што значи дека може да се модифицира за деца, возрасни, па дури и асистивни уреди за стари лица.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×