Борбата против корупција ја тресе Романија. Се апсат поранешни министри, медиумски магнати, судии, тужители..
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Телевизиските екипи во Романија буквално кампуваат пред Националната управа за борба против корупцијата (ДНА) во Букурешт чекајќи кој ќе биде следен, пишува ББЦ опишувајќи каков залет зема борбата против корупција во оваа земја која пред осум години влезе во Европската унија. Познати лица кои излегуваат од зградата потсетуваат на долга процесија на некогаш високо позиционирани моќници во романското општество. Поранешни министри, медиумски магнати, судии, тужители…Дури и десната рака на поранешниот претседател Трајан Басеску, Елена Удреа.

Пред две недели пратениците на романскиот парламент со однос на гласови 170 спрема 118 изгласаа апсење на Удреа, поранешната министерка за туризам и актуелна пратеничка во романскиот парламент, која е оптужена за корупција.
На оваа политичарка од десниот центар, која на ноемвриските претседателски избори беше четврта според бројот на добиени гласови, пред околу две недели и беше одреден 30 дена притвор кога беше на распит кај тужителот за да одговори на обвиненијата, по што и беше одреден куќен притвор.
Таа е инаку обвинета за перење пари, за злоупотреба на положбата и за непријавување на имотната состојба.
Удреа, која минатата година ја основаше партијата Народен покрет, ги негира сите обвиненија.
Таа е позната на романската јавноста заради блиските врски со Трајан Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година.

Меѓу поновите мети на ДНА се и мајката, сестрата и зетот на сегашниот премиер Виктор Понти.
Странските медиуми коментираат дека осум години по влезот во ЕУ и 13 години од основањето на ДНА, Романија конечно сериозно се зафати со борбата против корупцијата и организираниот криминал. И за тоа конечно добива пофалби од Европската унија.

“Романија е на вистинскиот пат и треба да продолжи. Тоа е најголемиот предизвик и приоритет за Романија”, изјави неодамна потпретседателот на Европската комисија Франс Тиммерманс.
Националната управа за борба против корупцијата (ДНА) само минатата година процесирала 1.138 водечки јавни личности во Романија. Неверојатен е податокот дека главната тужителка Лаура Ковеши оптужува за корупција во просек по четири лица на ден.

Неодамна поранешната министерка за млади и спорт Моника Ридзи беше осудена на пет години затвор заради злоупотреба на службената должност и проневера на 800 илјади долари јави пари во спогодби со компании со кои била во спрега.

Инаку, ДНА во нејзината работа се потпира на работењето на романската тајна служба.

Досегашниот впечаток до домашната и странската јавност беше дека тајната служба беше многу селективна околу тоа кого ќе прати, прислушува или истражува. Но, тоа повеќе не е така.

Што се промени во Романија?

Многумина се прашуваат што се промени во Романија? “Во само три години двете големи политички партии Портокаловите (либералите) и Црвените (социјалдемократите) ги изгубија изборите”, вели аналитичарката Алина Мунгиу Пипиди.

Резултат на тоа е, вели Пипиду, дека дојде крајот на она што се вика “меѓупартиска мафија” која ја водеше земјата, избегнувањето на плаќање на даноци, местењето на тендери и поткупувањето на судии и тужители.

“Еднакво важен е и карактерот на новиот претседател на државата Клаус Иоханис. Тој на власт дојде како политички аутсајдер и не е потписник на никави тајни договори помеѓу главните политички партии, што беше пракса во романската политика во изминатите 25 години”, вели Пипиди.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×