Боријан Борозанов: Ефектот од досегашните антикризни мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални
Објавено на од во Интервју

Borijan BorozanovБоријан Борозанов
генерален менаџер на „Аптив – Македонија“, компанија од секторот делови за автомобилската индустрија

Треба да се разбере дека секоја сериозна компанија се грижи за своите вработени и добивката ја реинвестира во долгорочното финансиско здравје и конкурентност што овозможува бенефит за сите засегнати страни, вклучително и идните вработени и нашата поширока заедница. Во овој момент антикризните мерки се ограничуваат на заеми на веќе презадолжени претпријатија и редистрибуција од помалку сиромашни на повеќе сиромашни граѓани. Се надевам дека грешам во мојата оценка, но нето ефектот од досега објавените мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални. Она што е потребно е силно лидерство да се адресираат структурните проблеми во македонската економија и да се искористи кризата како можност да се коригираат некои силни нелогичности што во мирнодопски услови би било многу потешко да се спроведат.

 

Аптив е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија во светот, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот, на тој начин овозможувајќи автомобилите да бидат побезбедни, поеколошки и подобро поврзани.
АПТИВ е брзо растечка интернационална компанија која за првпат беше отворена во Македонија во 2016-та, под името Делфи Електроникс Систем во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. (во објектот на поранешната инвестиција на Џонсон Контролс, н.з.). Со генералниот менаџер на Аптив –Македонија, Боријан Борозанов разговараме за тоа колку е оваа компанија, но и целиот комплекс на странски инвестиции во индустријата со автомобилски делови во земјава погоден од пандемијата на Ковид – 19 и каква опасност може да биде тоа за македонскиот извоз и економија во целина.
-Г-не Борозанов, вие сте и потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во земјава, коишто се главно од секторот на добавувачи на компоненти и делови за светската автомобилска индустрија. Какви се досега последиците од пандемијата по работењето на странските инвестиции од овој сектор во Македонија? Располагате ли со бројки за пад на нарачки, отпуштени работници, итн.?
Македонските компании со напредно производство основани со странски капитал се најдиректно изложени на светските случувања поврзани со пандемијата на Ковид-19. Сите членки на асоцијацијата имаат 100% извозно ориентирано производство и преставуваат значаен дел од синџирите на добавување на најголемите светски ОЕМ (original equipment manufacturers – производители на оригинална опрема и делови, н.з.) доминантно во автомобилската индустрија. Последиците од пандемијата по овие компании се во голема мерка идентични и заеднички како за сродните компании од истите индустрии во други земји.

Во услови на намален политички легитимитет на техничката влада се забележува и традиционалното неединство околу националните економски стратешки цели и приоритети што е екстремно опасно во оваа ситуација. Дополнително присутна е и некаква крстоносна војна против концептот на профит и претприемништво во ситуација кога целиот свет се бори за преживување.

Првата фаза на кризата во месеците јануари и февруари се манифестираше преку тешкотии од страна на понудата на компоненти и отежнатиот транспорт на стоки што се сконцентрирани во Кина и другите азиски земји. Оваа ситуација предизвика значајни штети поради повисоките цени на набавните материјали особено на електронски компоненти. Дополнително повисоката цена на транспортот и одложувањето на редовните достави придонесе за губење на ефикасноста во производството и зголемување на фиксните трошоци како процент од вкупната продажба.
Втората фаза на кризата се почувствува од почетокот на март и се манифестираше преку два сегмента. Многу од компаниите имплементираа мерки за заштита при работа многу построги од препораките на националните влади што доведе до дополнителна загуба на ефикасноста и дополнителни непланирани трошоци. Паралелно, европски земји станаа епицентар на ширење на пандемијата што доведе до суспендирање на активностите на многу фабрики. Еднакво значајно, вкупната побарувачка драстично се намали поради рестриктивните мерки на социјално дистанцирање, но и поради генералната несигурност на потрошувачите и корпорациите. Во автомобилската индустрија се забележа пад од 50-80% во однос на март 2019 со проекции од 90-100% за месец април. Комбинацијата на драстично намалување на побарувачката и рестриктивните мерки за социјално дистанцирање доведоа и до времено суспендирање на операции на голем процент на македонски извозно ориентирани компании со напредно производство.
Третата фаза на кризата е актуелна од крајот на март и почетокот на април 2020 и се манифестира со континуирано намалување на побарувачката што предизвикува затегнување на ликвидноста на компаниите но и на потрошувачите. Мултинационалните корпорации се генерално спремни за ваква ситуација преку земање на дополнителни краткорочни обртни средства но и издавање на дополнителни корпоративни обврзници. Во отсуство на адекватни мерки за намалување на економските штети од страна на македонската влада, компаниите со напредно производство се фокусираа на заштита на финансиското здравје преку користење на внатрешните резерви и користење активна поддршка од страна на компаниите мајки во форма на интеркомпаниски заеми. Ваквиот развој ќе придонесе за релативно побезболно справување со последиците во наредните 2-3 месеци, но сериозно ќе ги суспендира краткорочните инвестиции и со сигурност ќе го афектира среднорочниот капацитет за дополнителни инвестиции. Во овој момент не постојат релевантни податоци на прилагодување на нивоата на работна сила во Македонија согласно нивоата на нарачки. Компаниите со напредно производство се обидуваат на секој начин да ја заштитат долгорочната инвестиција во човечки капитал, но треба да бидеме свесни дека резервите колку и да се големи не можат да бидат неограничени.
Четвртата фаза на глобалната криза ќе ја одбележи транзицијата од предизвици на ликвидност во криза на солвентност и криза на пазарите на капитал. Многу од помалите и позадолжените компании нема да можат да ја преживеат оваа фаза без значителна поддршка од страна на државата или од страна на нивните купувачи особено затоа што побарувачката ќе остане депресирана за подолг период. Се очекува зголемен број на банкроти и ликвидации, но и upstream аквизиции што може да доведе до притисок на банкарскиот сектор. Ова сценарио би требало да се реплицира и во Македонија, но сепак според присутните брендови и финансиската кондиција на мајките компании не би очекувале дисконтинуитет на операциите или инвестициите на краток рок.

Во ситуација на зголемување на невработеноста и намалување на примањата, вкупната побарувачка и доверба во системот ќе остане крајно депресирана што ќе значи дека сите ќе бидеме губитници на подолг рок. Разбираме дека македонските капацитети за helicopter money стратегиите се ограничени, но со рестриктивни мерки, целосно отсуство на фискални и монетарни стимулуси економијата ќе остане парализирана за подолг период.

-Каква е ситуацијата во Аптив конкретно?
Аптив е во многу подобра ситуација од многу од нашите конкуренти. Во однос на изложеноста на различни фактори мерките што беа превземени во изминатите 5-6 години даваат резултати. Изложеноста на поединечни купувачи е помалку од 10%, а географската изложеност е рамномерно распределена помеѓу сите релевантни пазари. Портфолиото на производи е крајно рационално редефинирано со фокус на проекти со поголем раст и пазарен удел. Голем дел од корпоративниот долг беше навремено репрограмиран и нивоата на расположлив кеш даваат за право дека може да се справиме со пролонгирано глобално закрепнување.
Аптив Македонија е во подеднакво добро кондиција со диверзифициран ризик од аспект на купувачите и производното портфолио. Се разбира, во ситуација на глобален системски застој и ние сме афектирани и ги суспендиравме нашите операции согласно производствените распореди на нашите купувачи притоа апсорбирајќи големи загуби. Во оваа ситуација е екстремно значајно да се спроведе максимална финансиска дисциплина со цел да се заштити долгорочното финансиско здравје на компанијата. Но имајќи ги предвид конкурентната трошковна структура, квалитетот и посветеноста на локалниот тим и сите вработени, силно верувам дека ја имаме основата да се вратиме многу посилни после завршувањето на кризата.
Во овој период примарната задача на менаџментот е да ги надгради мерките за заштита на нашите вработени согласно најдобрите искуства од нашите сестрински фабрики во Кина и Сингапур. На корпоративно ниво ги објавивме нашите протоколи за реакција и заштита достапни за сите со цел да го споделиме нашето знаење и експертиза со нашите соработници и локалните заедници. Сите сме заедно во оваа криза и само ако заедно делуваме ќе може да ги намалиме последиците и да закрепнеме побрзо.

Македонија мора да има многу јасна стратегија како ќе се позиционира во новата “нормалност”. Нашата реалност и пред кризата покажуваше недостаток од лидерство и визија како да се стане партнер на мултинационалните корпорации на долг рок. Паралелно, многу земји вклучително и нашите соседи се многу агресивни и успеваат да добијат многу директни и портфолио инвестиции што ја јакнат нивната долгорочна конкурентност.

-Како ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Дали се адекватни, доволни, или како асоцијација имате ваши конкретни предлози што уште треба да се направи за да им се олесни на компаниите во оваа криза?
Она што е заедничко за многу држави е дека го потценија ефектот на кризата и задоцнија со логистички припреми, но и со стратешки дефиниции на програмите за антикризни мерки. Имајќи прилика да го црпиме искуството од нашите мајки фирми за тоа како други земји се справуваат со дизајнирањето на целите и механизмите на антикризните мерки, морам да констатирам дека има отсуство на дијалог, транспарентност и навременост на мерките со доза на канцелариска и бирократска ароганција и многу празен популизам и кај власта и кај опозицијата. Во услови на намален политички легитимитет на техничката влада се забележува и традиционалното неединство околу националните економски стратешки цели и приоритети што е екстремно опасно во оваа ситуација. Дополнително присутна е и некаква крстоносна војна против концептот на профит и претприемништво во ситуација кога целиот свет се бори за преживување.
Треба да се разбере дека секоја сериозна компанија се грижи за своите вработени и добивката ја реинвестира во долгорочното финансиско здравје и конкурентност што овозможува бенефит за сите засегнати страни, вклучително и идните вработени и нашата поширока заедница. Во овој момент мерките се ограничуваат на заеми на веќе презадолжени претпријатија и редистрибуција од помалку сиромашни на повеќе сиромашни граѓани. Се надевам дека грешам во мојата оценка, но нето ефектот од досега објавените мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални. Она што е потребно е силно лидерство да се адресираат структурните проблеми во македонската економија и да се искористи кризата како можност да се коригираат некои силни нелогичности што во мирнодопски услови би било многу потешко да се спроведат.
На краток рок од 3-9 месеци би охрабриле многу поактивна поддршка на стратешките сектори во форма на неповратни грантови и субвенционирање на скратено работно време. Заедничка цел и на компаниите и на државата е задржување на бројот на работни места, но и стандардот на сите граѓани. Во ситуација на зголемување на невработеноста и намалување на примањата, вкупната побарувачка и доверба во системот ќе остане крајно депресирана што ќе значи дека сите ќе бидеме губитници на подолг рок. Разбираме дека македонските капацитети за helicopter money стратегиите се ограничени, но со рестриктивни мерки, целосно отсуство на фискални и монетарни стимулуси економијата ќе остане парализирана за подолг период.
IMG_6912-Какви глобални поместувања во синџирот на додадена вредност во автомобилската индустрија ќе има по корона – кризата? Каде ќе биде местото на Македонија во таа нова глобална слика?
Доминантно гледање е дека глобалните синџири ќе се рекомпонираат драстично после кризата. Се проценува дека ќе има помалку глобализација или дури и „балканизација“ на трговијата, но и на финансиските текови на капитал. И пред кризата глобалниот геополитички момент не беше поволен, односно американско -кинеските односи, Брегзит и потфрлањето на економиите во развој преставуваа сериозни предизвици за глобалниот раст. На корпоративно ниво, инвестициите ќе бидат уште порестриктивни и пофокусирани на сегменти со поголем поврат и поголема утилизација на веќе инвестираниот капитал. Очекувам поголема концентрација на економските субјекти, но и рационализација на производствените капацитети. Треба да бидеме длабоко свесни дека не сите ќе ја преживеат кризата.
Македонија мора да има многу јасна стратегија како ќе се позиционира во новата “нормалност”. Нашата реалност и пред кризата покажуваше недостаток од лидерство и визија како да се стане партнер на мултинационалните корпорации на долг рок. Паралелно, многу земји вклучително и нашите соседи се многу агресивни и успеваат да добијат многу директни и портфолио инвестиции што ја јакнат нивната долгорочна конкурентност.
Би било многу наивно да очекуваме дека после кризата процесот на преселување на инвестициите од земји со повисоки трошоци во земји со пониски трошоци ќе продолжи по инерција. Сериозна е опасноста дека компаниите побрзо ќе размислуваат за инвестиции во автоматизација и инвестиции во поголема искористеност на постоечките производствени капацитети, отколку слепо да следат проекти за намалување на трошоци во егзотични локации. Без разлика колку сме задоволни од нашите постоечки инвестициски проекти, без сериозни структурни промени и јасна стратегија и механизми, Македонија нема да биде премногу атрактивна за нови проекти.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×