Борис Џонсон против царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон во авторски текст објавен во денешниот број „Дејли Телеграф“ наведува дека Велика Британија не смее да се согласи на трајна царинска унија со ЕУ.
boris jonsonСпоред Џонсон, воспоставувањето на царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ, како што предложи лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, би ја „поробило“ земјата.
„Не смееме да се согласиме да бидеме членка на ЕУ без право на глас, врз основа на капитулацијата што ја предложи Џереми Корбин. Тоа не може, не смее и нема да се случи“, наведува Џонсон во текстот.
Ваквиот став на Џонсон доаѓа во време на зачестени шпекулации дека Владата на британската премиерка Тереза Меј би можела да предложи воспоставување царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит, со цел да обезбеди поддршка од опозициските лабуристи за усвојување на Договорот за британското истапување од Унијата од страна на Парламентот во Лондон.
Меј со обидува да обезбеди усвојување во Долниот дом на Парламентот на Договорот што нејзината Влада го постигна со Брисел лани во ноември, со цел да избегне Брегзит без договор на 12 април.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×