Борис Џонсон сега сака договор за Брегзит
Објавено на од во Политика
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака договор за Брегзит и оти не е обесхрабрен од обидите на Парламентот да го блокира излегувањето од Унијата без договор.
Dzonson-BorisЗборувајќи во Ирска, за време на средбата со колегата Лео Вардакар, Џонсон рече дека носи идеи како да се реши прашањето со „Бекстоп“ – решение на прашањата за границата помеѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска по излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Сепак тој истакна дека не треба денеска да се очекува тоа решение.
„Имам јасна порака: сакам да седнам со тебе Лео и да дојдеме до договор, добар договор“, рече Џонсон.
„Како и ти, и јас внимателно ги оценив последиците и за нашата земја и за вас доколку не постигнеме договор. Да, Велика Британија би можела да го направи тоа и да мине низ тоа, но нема сомнение дека резултатот би бил неуспех за кој сите би биле одговорни“, оцени британскиот премиер.
Тој дополни дека тоа треба да биде направено за, како што рече, работните места, земјоделците и милионите обични луѓе кои сметаат на нас дека ќе ја искористиме креативноста за да постигнеме договор.
„Сакам да знаете дека најмногу би сакал да постигнеме договор“, изјави Џонсон.
Британскиот Парламент ќе биде суспендиран од денеска до 14 октомври
Британската Влада потврди дека Парламентот ќе биде суспендиран од денска до 14 октомври.
Портпаролот на Владата, Џејмс Слек истакна дека Парламентот ќе биде распуштен или суспендиран на крајот од денешниот работен ден.
Британскиот премиер Борис Џонсон претходно најави дека „ќе ги испрати дома“ пратениците во текот на неделата. Со суспензијата се ограничува можноста на Парламентот да ги спречи плановите на Џонсон за Брегзит. Тој изјави дека Британија мора да ја напушти ЕУ на 31 октомври со или без договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×