Борисов: Бугарија и Македонија се пример како да не се пренесуваат проблемите во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ги претставува приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската унија пред Европскиот парламент. Тоа се иднината на младите во Европа, Западниот Балкан и поврзаноста на регионот, безбедна и стабилна Европа и дигиталните вештини.

„За Западниот Балкан има неколку варијанти. Ние предложивме една што не носи ризици за ЕУ. Сега е вистинскиот момент кога треба да им кажеме на државите од Западниот Балкан кога може да очекуваат да бидат примени“, изјави Борисов во Европарламентот.

Говорејќи дека народите на Балканот сега искрено очекуваат дека ќе добијат јасна агенда за приклучување кон ЕУ, Борисов рече дека „Бугарија и Македонија дале еден вистински пример оти со такт и со добронамерност може да се решаваат проблемите и да не се оди во ЕУ со проблемите“.

Борисов беше категоричен дека треба да се направат инвестиции во инфраструктурата на Балканот, за да имаат иднина младите во регионот.

„Ако ние не го сториме тоа, ќе го направат Русија, Турција, Кина, зашто имаат интерес на Балканот“, изјави бугарскиот премиер додавајќи дека „сега е моментот да му дадеме перспектива на Балканот – стабилноста на регионот директно е одговорна за стабилноста на Европа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×