Борисов: Елитите на Балканот уште не се за ЕУ, но луѓето си се Европејци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Елитите на Балканот уште не се за Европската унија. Не се покриени критериумите, и барем колку што јас ги познавам, уште долги години нема да ги покријат. Но, луѓето на Балканот, индивидуалниот човек – тој си е Европеец“, вели премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во интервју за Дојче Веле, по неговото враќање од Берлин, каде со германската канцеларка Ангела Меркел се сретна по повод преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Бугарија, но и по други поводи.

„Човекот од Балканот треба да ја почувствува перспективата, да се избегне евроскептицизмот, треба со душата да допре до вредностите што Европа ги нуди. Луѓето овде треба да ја имаат таа магија, што и нас (Бугарите, н.з.) нѐ водеше, и се радувавме кога отидовме во ЕУ. Зашто сѐ добро што ни се случило како нација, ни се случи во овој период“, вели понатаму Борисов, во контекст на неговата најава дека додека Бугарија претседава со ЕУ, особено ќе се грижи за Балканот да се чуствува европски.

Бугарскиот премиер со Меркел зборувал и за Македонија:

„Стана збор за Македонија. Видовте кога беше тепањето во Парламентот, без никој да ги тера, плус јас бев во опозиција тогаш, не бев никој, ноќта ми се јавија и тројцата – и Зоран Заев, и Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов. Зашто се уверени дека не само што сум добар човек, но и вистински многу сакам Македонија како држава да биде стабилна, нашиот сосед да е стабилен. Зашто се собираат работите – од една страна Крим, од другата Турција во воена состојба, Грција се тресе секојдневно, во Македонија видовме што се случи. Затоа ја убедив канцеларката Меркел и останатите, дека треба да им се помага, важни се за нас, треба да ѝ дадеме шанса на новата Влада, и се разбира, да ги продолжиме разговорите со Груевски, кој, пак, е од семејството на Европската народна партија. И Македонија треба малку да помине по нашиот пат. Знаете колку остри сме биле сите, но тоа никогаш не донело резултат. Единството ја прави силата. Консензусот ја дава силата на нацијата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×