Борисов го доби мандатот за нова влада на Бугарија откако потпиша договор за владината коалиција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ГЕРБ на Бојко Борисов и Обединетите патриоти потпишаа коалициски договор за составување нова влада на Бугарија. Од двете партии посочија дека уште не воделе преговори за министерските места, и оти тие ќе започнат отсега. Се очекува кабинетот да биде составен на 4 или на 5 мај.

Според коалицискиот договор, ќе биде создаден политички совет со 6 члена – партнерите ќе дадат по 3. Советот ќе заседава секоја недела, а одлуки ќе носи со консензус. На ваков начин се планира да се постигне согласност по сите прашања за кои ќе одлучува владата и политичкото раководство на коалицијата.

Владата ќе има, секако, премиер (Борисов), 4 вицепремиери, и 17 министри.

Брзо денеска, по потпишувањето на коалицискиот договор, Борисов го прими мандатот за составување влада од претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×