Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиерите на Бугарија и Грција, Бојко Борисов и Алексис Ципрас денеска во селото Кирково во реонот на јужниот бугарски град Крџали, ќе присуствува на почетокот на изградбата на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји (ИГБ).
борисов ципрасДипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавиле дека Грција работи на сите инфраструктурни проекти, кои ќе обезбедат услови за безбедно енергетско снабдување во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран и ги спомнуваат гасоводите ТАП и Ист-Мед, како проекти што „ја зајакнуваат енергетската безбедност во регионот, како и економската и геополитичката улога на Грција“.
Интерконекторот ИГБ, кој е компонента на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), ќе биде со должина од 182 километри и ќе ги поврзе грчкиот национален систем за пренос на гас во областа на Комотини, со бугарскиот национален систем за гас во Стара Загора.
ИГБ се гради врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу Грција и Бугарија потпишан во 2009 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×