Борисов: Ние сме за единствена Македонија, членка на НАТО и ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарија ќе се залага за членството на Македонија во ЕУ и во НАТО. Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на денешната средба во Софија се заложија историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи. Во тој дух, на средбата паднал договор двете земји оваа година заеднички да го прослават Илинден, 2 Август. Во таа пригода, на покана на Заев, можно е Борисов да дојде во Македонија.

Разговарано е и за тоа во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје да се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, една од најзаслужните личности за меѓународното признавање на нашата земја.

Заев на средбата побарал Бугарија да и помогне на Македонија и да го пренесе своето искуство во реализацијата на проектите и реформите што треба да се исполнат. Македонскиот премиер најавил дека ќе биде потпишан и договорот за добрососедство, кој долги години беше камен на сопнување во односите меѓу двете земји.

„Разговаравме, ги приближивме ставовите кон потпишување на договор за добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 Август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија“, рекол Заев.

Борисов, пак, порачал дека ќе разговара со своите колеги во Бирсел за пристапот на Балканот во ЕУ.

„Ние сме за единствена Македонија, членка на НАТО и на ЕУ“, рекол Борисов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×