Борисов од Познањ: Европерспективата на Западен Балкан нема алтернатива
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европската перспектива на Западен Балкан нема алтернатива. Тоа е гаранција за безбедностa, стабилностa, економскиот и социјалниот развој на регионот, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Самитот на земјите од регионот што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес.
борисовБорисов нагласи дека проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан останува еден од клучните надворешно-политички приоритети на Бугарија.
„За нас е важно Западниот Балкан никогаш повеќе да не се врати во состојба на конфликти, непријателства и национализам како што беше во деведесеттите години од 20-иот век“, посочи шефот на бугарската Влада.
Државите од регионот, кажа Борисов, треба да вложат максимални напори за развој на добрососедските односи, а како добар пример за тоа го посочи Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија, што му овозможи на Скопје да го забрза патот кон ЕУ. Клучниот збор е довербата и на тоа треба да се работи, додаде бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.
Според него, многу важно за иднината и развојот на регионот е изградбата на добри транспортни и енергетски врски, како и дигиталната поврзаност.
„Од интерес за целиот регион и за европската безбедност е целосното комплетирање на Коридорот 8 преку кој ќе се поврзат Црното Море и Јадранското Море“, рече Борисов.
Тој изрази надеж дека Берлинскиот процес ќе продолжи и натаму да биде поттик за развој на соработката во регионот и за негово побрзо приклучување во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×