Борисов: Околу 30 милијарди евра ќе чини изградбата на транспортните коридори на Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Околу 30 милијарди евра ќе чини изградбата на транспортните коридори на Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на Инвестицискиот форум на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон.

Тој додаде дека уште околу пет милијарди евра ќе чини изградбата на дигиталната инфраструктура во регионот. Главните коридори кои се во фокусот на денешната средба, се броевите четири, осум и десет.

„Планот кој го предлагаме е исклучително прифатлив за секоја една од државите. Кога има такви транспортни коридори, секој главен град ќе може да има пристап до него со железничка линија и автопат и интернет“, посочи Борисов.

Бугарскиот премиер информира дека на средбата на лидерите од Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, која ќе се одржи на 1 март во Софија, ќе бидат претставени сите проекти. Тогаш, секој од шестмината лидери ќе објави како ќе се финансираат тие проекти.

Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти, на отворањето на форумот истакна дека ЕБОР ќе продолжи да ги поддржува прекуграничните проекти во Западен Балкан.

Уште денеска ќе се потпише Меморандум за финансирање на проектот Ц-5 за следните неколку години. Банката, исто така, ќе го поддржи завршувањето на транспортните коридори осум и десет. Исто така, работиме на железничкиот проект, инфраструктура која ќе ја поврзе Бугарија со Република Македонија.

Претседателот на ЕБОР додаде дека се работи за таканаречената „Магистрала на мирот” – Србија, Бугарија, Романија – Србија, Косово и Македонија.

„Пред неколку дена беше потпишан договор за финансирање на 38,5 милиони евра поврзани со овој проект“, информира Чакрабарти.

Претседателот на ЕБОР додаде дека со ТАНАП (Trans-Anatolian Natural Gas Pipeline) се потпишани договори за финансирање на проектот ТАП (Trans Adriatic Pipeline). На овој начин каспискиот гас може да помине низ Балканот и Западна Европа. Според него, освен изградба на потребната инфраструктура во регионот, треба да се создадат неопходните услови за единствен инвестициски пазар, кој вклучува усогласување на правилата, тарифите, обезбедување на потребните услови за олеснување на странските инвестиции.

„Сето ова ќе придонесе за развојот на економската област на Балканот. Банката секогаш се стреми кон практични решенија“, истакна Чакрабарти.

Предвидено е и формирање на берза за поврзување на балканските земји.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×