Борисов: По 15 години одново можност да се зборува за Балканот кој ќе стане едно од најдобрите места за живеење во Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја како претседавач на ЕУ денеска е домаќин на Самитот Еу-Западен Балкан, кој се одржува во Софија, порача дека по 15 години повторно се појави можност да се зборува на темата Западен Балкан во рамки на процесот за интеграција на шесте земји од регионот во Унијата, јави известувачот на МИА од Софија.

„Сите разбираат колку е важен Западен Балкан и затоа 15 години по средбата во Солун имаме можност денеска да разговараме за таа тема“, изјави Борисов пред средбата на врвот.

Тој нагласи дека денеска во рамки на форумот ќе учествуваат и банките со интерес за заеднички инфраструктурни проекти.

Во врска со преговорите меѓу Македонија и Грција, околу спорот за името рече: „За таа тема колку помалку изјави даваме, толку се поголеми шансите“.

На маргините на Самитот во тек е средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која е втора тет-а-тет средба по таа во Давос.

Борисов вчера, на отворањето на конференцијата „Дијалог со Западниот Балкан: создавање на подрачје на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа“, рече дека е „уверен оти Балканот ќе стане едно од најдобрите места за живот во Европа“.

Самитот, што денеска се одржува во Софија е најголемиот настан што го организира Бугарија како актуелен претседавач на Унијата, кој како еден од приоритетите си го постави враќањето на Западен Балкан високо на агендата на Унијата.

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти е тема на Самитот, на кој учествува македонска владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев.

На Самитот, што се одржува во организација на бугарското претседателство со ЕУ, присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и од регионот. Со самитот претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

На Самитот учествуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×