Борисов: Со новата влада ќе разговараме за европскиот план за Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
New Bulgarian Prime Minister Boyko Borisov speaks at the Parliament

Само стабилно управување во Македонија може да ги смири политичките страсти во земјата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за телевизијата „ТВ+“, откако претседателот Ѓорге Иванов го врачи мандатот за состав на влада.

Борисов, откако Европската унија го поздрави доделувањето на мандатот на опозицискиот лидер Зоран Заев, оцени дека сега се е во рацете на политичарите во Македонија.

Според бугарскиот премиер, откако ќе има влада ќе може да биде организирана билатерална средба за европската иднина на Македонија.

“Моментот кога ќе има влада ќе организираме билатерална средба со колегите од Македонија, заедно со министрите за надворешни работи и да го направиме европскиот план за Македонија, бидејќи нас ни претстои претседателството со ЕУ и претпоставувам дека на агендата ќе биде темата за проширувањето”, изјави Борисов.

По случувањата на 27 април во македонскиот Парламент, бугарскиот премиер Борисов остварил телефонски разговори со македонскиот претседател Иванов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, и како што пренесува „стандардњус.ком“, повикал за смирување на ситуацијата, почитување на законите и изразил поддршка за евроатлантската интеграција и територијалниот интегритет на Македонија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×