Божидар Јанковски, извршен директор на Динерс Клуб Македонија: Остануваме први во грижата за нашите корисници!
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Динерс Kлуб е “семејство” од 15.000 членови. Наша грижа е постојано да го подобруваме портфолиото на услуги што ќе ги прави членовите привилегирани. Македонија е мал пазар, присутни се скоро сите брендови во овој бизнис, конкуренцијата е голема, но ние сме посветени да ја обезбедиме “ексклузивноста” на брендот – сакате картичка што можат да ја имаат и ја имаат сите или сакате нешто што ве прави единствени и поинакви.  

 Bobo Dajners1

-Г-не  Јанковски, со какви резултати Динерс Клуб Македонија ја завршува 2015 година? Во колкава мера ги исполнивте зацртаните цели и планови?

Во услови на непредвидливи пазарни осцилации предизвикани од кризата успеавме да останеме во рамките на нашите проектирани цели. Годината ја завршуваме со 10% зголемување на членството и 7% зголемен промет.

-Како котира Македонија на мапата на Динерс регионално, нормално, ако ги споредиме куповната моќ и останатите фактори на пазарите во окружувањето?

 Во регионот неколку франшизи покажуваат перформанси на одлично етаблиран бренд меѓу кои е и македонската франшиза, и тоа гледано низ повеќе параметри: финансиски учинок, иновации, задоволство на членовите и оперативна мобилност. Промените во сопственоста на глобално ниво и влезот на Discоver, донесоа нов поглед на Динерс на пазарот. Во САД и Европа ние сме главно бренд за побогатите, значи корпоративна картичка за хиерархиски подобро етаблираните, но балканските франшизи се доминантно индивидуални картички.

- Колку корисници има Динерс во моментов во Македонија?  Дали има простор за раст, односно, колкав е потенцијалот на домашниот пазар за користење на оваа картичка?

Динерс Клуб е “семејство” од 15.000 членови. Наша грижа е постојано да го подобруваме портфолиото на услуги што ќе ги прави членовите привилегирани. Македонија е мал пазар, присутни се скоро сите брендови во овој бизнис, конкуренцијата е голема, но ние сме посветени да ја обезбедиме “ексклузивноста” на брендот – сакате картичка што можат да ја имаат и ја имаат сите или сакате нешто што ве прави единствени и поинакви.

-Кои се најзначајните привилегии и бенефиции што ги имаат членовите на Динерс Клубот?

Членовите на Динерс Клубот имаат многу привилегии и бенефиции. Некои од нив се, на пример, 24 часовна услуга, можност за плаќање на рати, потоа флексибилни лимити, рати без камата, одложено плакање, подигнување на готовина на рати. Потоа, членовите на Динерс Клубот можат да користат постојани акции со продажни места, како и попусти кои важат само за членовите на Динерс Клуб, влез во аеродромските салони, честитање на родендени, покани за разни евенти… Динерс Клуб Македонија е единствена финансиска институција која има наградна програма, во рамки на која со одреден број на поени Динерс Клуб членовите подигнуваат брандирани награди или ваучери во познатите бутици, ресторани..

-Како би опишале со неколку збора што значи да се поседува Динерс картичка? Што ја прави разликата во однос на другите картички?

Слоганот на Динерс Клуб е “Создадени еден за друг”, а тоа кажува дека успешни сме онолку колку што сме им потребни на другите, а ние еден без друг не можеме.

Ние сме навистина КЛУБ, можностите за нашите корисници се нашата единствена работа. Ако поседувате картичка што ја издава некоја од нашите банки, вие сте дел од многуте услуги на таа банка, ако сте Динерс корисник ние сме само Ваш оператер, немаме други резервни дејности. Ние сме навистина поинаква “приказна”, Ви реков, можете да имате три visa картички од три различни банки, но само еден Diners, нема копии!

Bobo Dajners220 успешни години на Динерс Клуб во Македонија

Минатата година прославивме 20 успешни години на Динерс Клуб во Македонија. Истата година за прв пат ја добивмe наградата од “European Business Awards”, каде што Динерс Клуб Македонија беше прогласен за Национален шампион во категоријата “Грижа за корисници”. Таа година Динерс Клуб ја покажа својата општествена одговорност, донирајќи вредна опрема на Конзерваторскиот оддел на НУБ “Св. Климент Охридски” од Скопје, во вредност од 10.000 евра, која е клучна во процесот на зачувување на македонското културно наследство за идните генерации.

-Кои се новитетите што ги понудивте во користењето на Динерс  картичката изминатиов период? Како всушност привлекувате нови клиенти и ги задржувате постојните?

Динерс Клуб Македонија оваа година понуди две нови кобрандирани картички на пазарот. Првата е Динерс Клуб  – Аџибадем Систина картичката. Членовите кои ја поседуваат оваа картичка имаат попуст во Систина, посебни цени за одредени медицински услуги и попуст во одредени продажни места.

Втората е Динерс Клуб – Кроација осигурување живот.

Животното осигурување е сигурност и неопходност, тоа е нашата филозофија и тргнувајќи од овие премиси го направивме партнерството со Кроација Осигурување живот.

Со новиот начин на плаќање 12 рати без камата, животното осигурување го сведовме на ниво на секојдневна неопхнодност, лесно достапна, сигурна, безбедна и дофатлива иднина.

Динерс Клуб членовите со оваа картичка добиваат и ваучер од 2000 денари за дополнителна полиса.

Последна новина во Динерс Клуб годинава, како шлаг на успешната година е промовирање на Diners Club – Advantage card, многу повеќе од класичната картичка, која обезбедува привилегиран третман, ексклузивни бенефиции, создадени за нашите лојални членови.

-Какви се плановите на компанијата за 2016 година? На што ќе се фокусирате во периодот што следи?

Да продолжиме да бидеме први во грижата на нашите корисници.

-Што очекувате генерално на економски план годинава во Македонија, со оглед дека следуваат избори, политичка неизвесност и сл.?

Со оглед на настаните од политичка природа кои секако ќе ја направат првата половина од годината прилично статична за бизнисот, тоа ќе влијае и на обемот на трансакции, но се надеваме дека нашите бизнис проекции нема драстично да бидат загрозени од дополнителни, засега непредвидливи нус ефекти од кризата и ние во нашата бизнис агенда ќе останеме на проектираните економски сидра за 2016 година.


Награда од Global Banking & Finance Review

Динерс Клуб со најдобра грижа за своите клиенти

Престижниот меѓународен магазин за банкарство и финансии Global Banking & Finance Review во своето годишно известување за состојбата и перформансите на светскиот финансиски пазар и институции го одбра Diners Club Macedonia како компанија која покажала извонредна посветеност кон своите членови, и и ја додели наградата за “Најдобар сервис за грижа на клиенти” (Best Credit Card Customer Service Company Macedonia 2015)  во конкуренција на сите издавачи на картички во Македонија за 2015 година.

Наградата се доделува после опсежни анализи на квалитетот на услугите кои компаниите ги нудат на пазарот и за неа одлучува панел од експерти предводени од уредувачкиот тим на списанието, издавачот и стручните лица кои го вршат истражувањето. Нивната неутралност при одлучувањето дава додатна тежина на ова важно меѓународно признание.

Одлуката оваа награда да се најде токму во рацете на Diners Club Macedonia е донесена поради постојаното надградување и унапредување на сервисот кој компанијата им го овозможува на своите членови, блискоста и леснотијата со која се одвива секојдневната комуникација, едноставноста во решавањето на недоразбирањата и 24 часовната посветеност на изнаоѓање нови привилегии при плаќањето и купувањето со Diners Club картичката.

Bobo Dajners3

Поддржувач на македонската култура

Веќе петта година, Динерс Клуб Македонија изработува столни календaри, сите поврзани со маке-донската култура “Поддржувач на македонските културни вредности”

   2012 година: Магичната убавина на Македонската жена низ историјата

   2013 година: Театарски премиери од претходната година, од сите македонски таетари со одбрана реплика за секоја претстава “Човеку …и во соништата
треба добрината да се прави!”

   2014 година:
Наградени македонски филмови

   2015 година: Unseen Masin, ексклузивни предмети насликани од раката на Масин, беа ставени на календарот

   2016 година: Unseen Mancevski, необјавени фотографии на режисерот Манчевски, со кој наредната година ќе ја отвори изложбата во Њујорк и во Скопје (street photography).


Помош за оние на кои им е најпотребна

Секоја Нова година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донираме средства на институција која има потреба за донација. Сме ги поддржале проектите “Деца на улица”, неколку пати Институциите за деца болни од церебрална парализа, Народна кујна, Семејства сместени во Чичино село.

Редовни донации имаме кон Здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја.

Оваа година средствата за донација ќе бидат донирани на деца сместени во згрижувачки семејства во цела Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×