„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“
Објавено на од во луѓе и компании
Главна фоткаВистинските јунаци се познаваат во мака и тие се инфлуенсерите кои треба да ги следиме и на кои треба да им го дадеме нашето внимание и во нормални времиња. Само така ќе имаме силен механизам кој работи во интерес на сите.

 

Деновиве сфатив со каков предизвик се соочив јас и целиот тим на Божиновски часовници и накит. Започнавме еден повик и предизвик за идентификување на ХЕРОИ во време на Ковид 19 и одеднаш се соочивме со една армада на СУПЕР ХЕРОИ.
Всушност сфативме дека Македонија има повеќе Супер Херои отколку целиот Холивуд и Марвел, а ние треба да одбереме само двајца.
Нашите срца се едноставно вознемирени што треба да правиме селекција од оваа огромна група во која никој не размислува за себе туку само за другиот и со тоа станува ултимативен Супер Херој, и точка!!
Бескрајно им благодариме на сите кои помогнаа да се идентификуваат овие скромни и тивки ликови за целите на нашата иницијатива “Херои 2020″. Надеж дека сепак ќе не има и дека треба да веруваме во нас се раѓа кога на едно место ќе видиш толку многу инспиративни приказни  за луѓе кои се трудат да направат промени во своето поле на делување а со тоа предизвикуваат промени на општествениот менталитет.
Затоа, она што ќе го научиме од целата оваа криза да не го заборавиме, бидејќи колку и да сме разочарани во секојдневието, сепак околу нас постојат вистински луѓе кои се подготвени да помогнат со целото свое срце и воедно да бидат примери – мустри. Токму тоа и ни беше целта, да се обидеме барем на момент на површина да испливаат вистинските инфлуенсери, да ги видиме луѓето кои се зад рефлекторите, зад сцената, и се клучниот механизам кои нештата ги движат напред – обични луѓе а професионалци, експерти во својата област, кои имаат многу поголема вредност од дневнополитичките актери кои секојдневно ни крадат значителен дел од нашето внимание и време но и емоции. Тие херои, барем во оваа криза беа медицинските лица и другите сервисни професии кои секојдневно се трудеа да функционираме оптимално. Токму од тие причини за ХЕРОИ во 2020 година ги прогласуваме:

 

Ета ОгњановаД-р Ета Огњанова,
Специјализант, анестезиолог на инфективната клиника за фотографијата која ја покажа целата пожртвуваност на персоналот од оваа клиника. Наградата SWATCH часовник за Огњанова, е награда за целиот тим на оваа клиника, и сакаме со овој часовник кој ќе го носи Ета, да започнат да бројат помирни времиња во нивната клиника.

 

 

Д-р Ненад Лазаров,
Ненад Лазаровиме кое го дознавме за време на пандемијата, но го задржа нашето внимание најпрвин како можеби првиот доктор што гласно предупредуваше за пандемијата, а потоа како иницијатор на 3Д принт Македонија, иницијатива со која се обезбедија визири за целиот медицински персонал во земјава. Вакви инфлуенсери се потребни на нашата земја. Се надеваме дека овој SWATCH часовник ќе го инспирира да продолжи да носи минути на надеж во моментите кога ни се најпотребни.

 

 

Семејство ДиневиВо текот на предизвикот се случи и еден вонреден преседан и поради тоа како трет вонреден и можеби најзначаен Херој во ова време е семејството на Емилија Динева, чие срце продолжи да бие и подари живот. Часовникот TISSOT, е многу симболичен и незначаен подарок за големината на гестот на нејзиното семејство, но ние го даваме со огромно внимание и посветеност бидејќи тој часовник ќе го симболизира отчукувањето на срцето на Емилија. Огромна е важноста на оваа фамилија што ни подарија надеж дека хуманоста постои во секој од нас и дека сме тука за да се грижиме едни за други и тогаш кога ни е најтешко.
Дел од  номинираните во предизвикот ќе добијат брендирани подароци од Божиновски часовници и накит а  сите учесници автоматски ќе станат почесни членови на нашата програма за лојални клиенти и веднаш ќе се стекнат со сите бенефиции на нашиот клуб:
https://www.bozinovski.com.mk/me&bozinovski
Сите 128 номинирани ќе добијат износ на својата картичка во вредност од 1000 ден, постојан попуст, акумулирање на вредносни бодови, специјални попусти за јубилеи, годишнини и родендени, ексклузивни понуди,персонализирани презентации, личен продажен асистент, влезници за најдобрите концерти организирани од Авалон, влезници за филмски проекции во Cineplexx…. се само дел од неброените бенефиции кои секој член на нашиот клуб на лојални клиенти ги добива.
Ви благодариме на сите за учеството и помошта да се идентификуваат сите скромни и посветени херои. Искрено се надевам дека ваквиот херојски подвизи ќе ѓи забележуваме и вреднуваме секојдневно, а не само во кризни ситуации, а со поголемото внимание кон ваквите херои ќе им дадеме несоборлив аргумент дека нивната иднина е во Македонија а не надвор. За таа цел , оваа група ќе ја преименуваме во #Македонски Супер Херои и ќе остане во трајно наследство за сите нас да не ги забораваме сите нови посветени професионалци.
Да не заборавиме:
Новата убавина не е ботокс, ни извежбано тело, најмалку маскирано во скапи брендови и поставено на луксузни дестинации.
Новата убавина е: Сиви подочници, ненаспаност и исцрпеност на храбрите и посветени медицински работници, доктори, полицајци, касиери, аптекари, волонтери во црвен крст, добавувачи на храна, превозници…
Игор Божиновски
Сопственик на Божиновски Часовници и накит

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×