„Божиновски часовници и накит“ ја претстави лимитираната серија Swatch Flymagic
Објавено на од во Компании
FLYMAGIC часовниците се  во три различни модели секој во лимитирана серија од по 500 парчиња, и после скопската премиера заминуваат кај своите сопственици – колекционери. 
IMG_20190716_103422
Пасионираните љубители на часовници во Македонија имаа ексклузивна можност да погледнат примероци од лимитираната серија на FLYMAGIC часовници, во три различни модели секој во лимитирана серија од по 500 парчиња вкупно на ниво на цел свет и одблиску да се запознаат со овој револуционерен новитет во светот на часовниците, во салонот на „Божиновски часовници и накит“ компанијата застапник на швајцарскиот бренд.
„Особена чест ни е што Македонија доби можност одблиску да биде дел од оваа револуција и таа радост сакавме лично да ја споделиме со јавноста и со сите пасионирани вљубеници во часовниците. Револуцинерната парамагнетна балансна пружина претставува врвно остварување во часовничарството со еден револуционерен детал и премиерна изведба на вакво нешто кај SWATCH часовник. Има и уште една SWATCH новина во овој часовник, стрелката за секундите врти наназад, што дополнително му дава револуционерен дух на овој модел“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“
Дополнително од компанијата објаснуваат дека SWATCH FLYMAGIC е прв модел во кој се интегрира Nivachron балансната пружина, направена од ново иновирани материјали на титаниумска база со извонредни парамагнетски карактеристики.
„Магнетските полиња во нашата околина имаат негативен ефект на движењето на механичките часовници. Nivachron балансната пружина ги намалува влијанијата од магнетските полиња со фактор над 10, во зависност од типот на движење. Оваа 100% швајцарска компонета нуди исто така ефективна отпорност на температурни промени и одлична отпорност на удар, придонесувајки до постигнување на значително подобрување на хронометриските перформанси“, објаснуваат од застапникот на SWATCH во Македонија.
 Дополнително од SWATCH групацијата информираат дека во иднина сите SYSTEM 51 модели ќе ја имаат оваа пружина вклучена во себе. SWATCH FLYMAGIC дебитира со три различни модели секој во лимитирана серија од по 500 парчиња. 45мм куќишта од нерѓосувачки челик со можност да се гледа движечкиот механизам низ антирефлексно сафирно кристално стакло. Сите модели доаѓаат со едно гумено и две кожни ремчиња.
Сублимирано Swatch направи уште еден шах мат потег во часовничарската индустрија и повторно служи како инспирација дека шаблонот и дефинициите постојат само за да поттикнат револуција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×