“Божиновски“ ги претстави најновите Calvin Klein часовници
Објавено на од во lifestyle
Во минималистички уредениот простор во духот на Calvin Klein беа изложени софистицираните парчиња накит и часовници на овој бренд. Повеќе за самата колекција и за компанијата “Божиновски“, читајте во интервјуто со сопственикот Игор Божиновски, што ќе излезе во следниот број на Капитал, на 03.06.2016. 
CK3

 

 

 

 

 

 

 

 

На ексклузивна презентација во петокот  на 27 мај во Јавна соба (Public Room) беа претставени сите колекции на часовници и накит на Келвин Клајн (Calvin Klein) за 2016 година. На уникатната презентација која ја организираа “Божиновски“ и Келвин Клајн  присуствуваа само претставници на медиумите.

Во минималистички уредениот простор во духот на Келвин Клајн беа изложени софистицираните парчиња накит и часовници на овој бренд.

CK1

 

 

 

 

 

 

 

 

“Вечерва имаме  можност за првпат, покрај колекциите што се веќе достапни во продажба, да ги погледнеме и почувствуваме колекциите кои допрва треба да се најдат во продажба. Најголема инспирација за колекциите се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот.  Преку својот накит и часовници, Келвин Клајн не’ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот. Новата кампања на Келвин Клајн не’ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотo е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата минута!“ – изјави Ана Божиновска, бренд менаџер на компанијата “Божиновски“.

CK4

Ана Божиновска, бренд менаџер на “Божиновски“: Најголема инспирација за колекциите се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Од “Божиновски“ истакнаа дека Келвин Клајн колекциите  не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×