„Брако“ со нова инвестиција од 4,2 милиони евра
Објавено на од во Компании
Педесет нови вработувања, нова хала и опрема во вредност од 4,2 милиони евра е последната инвестиција на велешката компанија „Брако“ на  бизнисменот Кочо Анѓушев.

Во текот на следните девет месеци ќе биде реализирана новата инвестициска програма на домашната компапнија „Брако“, со која е предвидена изградба на хала од 5100 метри квадратни и набавка на модерни CNC машини и ласери од метало-преработувачката индустрија.

„Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година започнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и заврзано ги освојуваме странските пазари. Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанијата како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, изјави Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори.

Со новата инвестиција се очекува велешки „Брако“ да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на стандардите на европските пазари.

Компанијата која е специјализирана за производство на жичани и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, во моментов има 450 вработени во Велес и 80 во Панчево. 96% од производството го извезува во 19 различни земји, а во последните девет месеци има зголемен промет за 13%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×