(Видео) Бранко Азески: Додека политиката крахираше, бизнисмените ја развиваа соработката
Објавено на од во Економија
„Перспективите за македонските извозни компании се насочени кон пристапот на Солунското пристаниште како најважна дестинација за излез на море и поморски транспорт на стоките и важно е  да имаме добро инфраструктурно поврзување со тој дел на Грција“, истакна Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во своето излагање на Бизнис-форумот што се одржа вчера во Скопје за време на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрасистакна дека досегашната соработка и искуства покажуваат дека бизнисот е тој кој гради мостови и е линк кој ја поддржува билатералната соработка помеѓу двете земји, дури и кога политичките процеси затајувале, што е пример за поздравување.
„Бизнисмените 30 години работеа и ја развиваа соработката. Додека политиката трокираше, ние работевме интензивно“,  рече Азаски.
Тој исто така истакна дека цели три децении Грција е меѓу првите 5 трговски партнери на нашата земја, со трговска размена која во континуитет има нагорен тренд, со инвестиции во банкарскиот сектор, енергетиката, трговијата, прехранбениот и текстилниот сектор, во градежништвото.
„Перспективите за македонските извозни компании се насочени кон пристапот на Солунското пристаниште како најважна дестинација за излез на море и поморски транспорт на стоките и важно е  да имаме добро инфраструктурно поврзување со тој дел на Грција“, истакна Азески.
По завршувањето на Бизнис-форумот се одржаа и бројни билатерални деловни средби меѓу претставниците на компаниите од двете земји.
Претходно, премиерите на Република Северна Македонија и на Грција и министри од двете влади денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка.
Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција во 2018 година изнесува 991,9 милиони САД$, со пораст од скоро 20,7% во однос на 2017 година.
При тоа, остварен е извоз во вредност од 225,1 милиони американски долари, со пораст од 10,6%, додека увозот изнесува 766,8 милиони долари,  исто така со пораст од 24,1% споредено со 2017 година.
Република Грција е втор трговски партнер на Република Северна Македонија во 2018 година искачувајќи се за едно место погоре кога во 2017 година беше на 3-то место.
Грција е трет најголем странски директен инвеститор во Република Северна Македонија со вкупно 474 милиони евра инвестиции од 1997 до 2017 година, или вкупно учество од 10,1% од странските директни инвестиции во државата. Инвестициите го опфаќаат банкарскиот сектор, телекомуникациите, енергетиката, прехранбените и текстилните производи и градежништвото.
Во рамките на протоколарниот дел од настанот вицепремиерите за економски прашања на двете земји, д-р Кочо Анѓушев и Јоанис Драгасакис, потпишаа меморандум во чии рамки ќе се развива меѓусебната економска соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×