Бранко Роглиќ: Без реформи на Хрватска и се заканува грчки синдром
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Branko-Roglic-Бранко Роглиќ, сопственик и претседател на Надзорниот одбор на ORBICO и претседател на Надзорниот одбор на HUP :Во наредната година значајно ќе го зајакнеме и извозот на хрватската преработувачка индустрија низ каналите на Орбико во 17 земји

Наредната 2016 година ќе биде еднакво предизвикувачка како и неколкуте последни. Без оглед на излезот од рецесија и благиот пораст на БДП ќе биде потребно доста време да се воспостави рамнотежа помеѓу реалната економија и јавната потрошувачка. Оваа рамнотежа можеме да ја воспоставиме или со кратење на јавната потрошувачка или со значаен раст на БДП, или пак и со едното и со другото, односно со реформи.

Со доаѓањето на МОСТ на политичката сцена и нивното ултимативно барање реформи, кратење на администрацијата, односно намалување на бројот на жупании и општини, како и средување на состојбата во правосудството и другите државни институции, вклучувајќи го даночниот закон, може да се очекува подобра претприемачка клима, а со тоа и раст на стопанството. На мета на МОСТ се и парафискалните даноци, кои беа честа причина за дискусија помеѓу претприемачите. Колку овие реформи ќе го зајакнат бизнисот, односно ќе му го тргнат товарот, фискален и парафискален, и со тоа ќе овозможат раст на БДП ќе покаже времено, но сам сум сигурен дека без реформи на земјава и се заканува грчки синдром. Јавниот долг од 87% од БДП кој од ден на ден се зголемува, не весели никого. Тие поради тоа можат да ни го одбијат давањето нови кредити, што би ја одвело земјата во стечај. Поради сето тоа појават ана мост на хрватската политичка цена ја сметам за најдобра вест во последните години. Верувам дека нас нема да не разочараат (ова го пишува на 8 декември 2015.)

Што се однесува до Орбико и нашето работење морам да кажам дека ќе имаме уште една успешна година со вкупно консолидиран промет од 1,25 милијарди евра. Со новата аквизиција на компанијата „Дистрибев“ во Полска (за дистрибуција на Хајнекен пива) можеме во наредната година да очекуваме вкупен обрт од 1,75 милијарди евра, и на тој начин да ја зацврстиме позицијата најголем дистрибутер за широка потрошувачка во Европа. Оваа година имавме уште една новост, а тоа е  отворање на првата фирма во Украина. Без оглед на политичката состојба, која мора да се смири, Украина е голема земја и иднина на Орбико, која како најголем дистрибутер не може да се замисли без тој пазар.

Во наредната година значајно ќе го зајакнеме и извозот на хрватската преработувачка индустрија низ каналите на Орбико во 17 земји. Моментално сме во преговори со 100 компании од Хрватска, 15 од Словенија, исто толку од Босна и Херцеговина. Секојдневно се јавуваат и нови произведувачи. Пред неколку дена во селото Гат во Славонија отворивме заедничко производство на кулен со еден од најдобрите произведувачи на кулен. Се надеваме дека тој производ наскоро ќе биде виден на многу полици во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×