BRANSYS е македонскиот претставник на Дигиталниот самит за Западен Балкан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Како дел од ИТ експертите од Северна Македонија на самитот ќе се претстави и Брансис, компанија која развива IoT решенија за менаџирање на возен парк.
bransisИновативноста на системот на Брансис опфаќа повеќе сегменти, од кои како најважен би го издвоиле системот кој е направен да се поврзе со голем број дополнителни сензори и да им овозможи преглед на податоци на компаниите од типот на: карго, отворени/затворени врати на возила, температура, гориво, притисок на гуми, сообраќајна култура на возачи, безбедност на патот и сл.
На вториот Дигитален самит за Западен Балкан, учествуваат владини претставници од Западен Балкан, регионални организации, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици и млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози.
На вториот Дигитален самит за Западен Балкан предвидени се панел дискусии за интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн.
Дел од Самитот, е и Дигиталното EXPO, каде 47 компании во дигиталната индустрија од регионот и пошироко, ќе можат да ги презентираат своите иновативни производи и услуги, но исто така да се запознаат и да се поврзат со потенцијалните партнери од регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×