Брегу: Економскиот раст на Западен Балкан станува тренд
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Позитивната економска перспектива на Западен Балкан е недискутабилна, а просечниот раст на БДП во 2020 година се очекува да биде близу 4%.
breguОва во Сараево го изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу на состанокот на Бордот на организацијата, која е вид на оперативно тело на земјите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈЕ), чиј основач е и Република Северна Македонија.
„Регионот бележи напредок и има позитивна економска перспектива. Во претходните неколку години регионот остваруваше непрекинат економски раст, при што аналитичарите се согласуваат дека овој тренд ќе продолжи и среднорочно, а се предвидува дека трендот ќе се зацврсти и дека во 2019 година просечниот пораст ќе биде 3,5%, додека во 2020 тој ќе изнесува 3,8 %“, изјави Брегу.
Таа додаде дека претстојните предизвици ќе бидат се поголеми.
„Реално е да се очекува дека програмата за работа на Европската Унија ќе има влијание и на процесот за нејзино проширување со Западен Балкан. Истовремено ќе се проверуваат кредибилноста и подготвеноста на Западен Балкан да ги исполни критериумите и да се приклучи кон ЕУ“, рече Брегу.
Одборот бил информиран дека Босна и Херцеговина го презеде претседателството со ПСЈЕ и дека во тек се подготовките Косово да го преземе следното претседателство, соопшти денеска РСС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×