Брегу: Одложувањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија е ризик
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европската унија секогаш ќе биде недовршена работа без Западен Балкан, а цената на стагнацијата и натамошно одложување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија преставува ризик, изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.
majlinda-bregu-d768a914-929d-4247-ad5b-0c65732e2bc-resize-750Неотварањето преговори би донело нестабилност, емиграции, неконструктивно влијание на други геополитички актери, прецизираше Брегу на синоќешниот панел за Западен Балкан на Бледскиот стратешки форум. Таа додаде дека секој позитивен момент лесно може да се загуби доколку преку перспектива на членството се продолжи со одлагање на решавање на проблемите.
„А никој не може да си го дозволи луксузот и натаму да губи време – луѓето го напуштаат регионот. Во изминатите пет години една третина од населението на Западен Балкан си заминале. Тоа е вистинскиот проблем на регионот, а на нас е како тоа да го смениме и да ги трансформираме нашите општества. ЕУ треба да го препознае овој знак за тревога како шанса, бидејќи одржување на наративот за перспектива за членство не е едноставна задача“, рече Брегу.
Генералната секретарка на РСС зборуваше и за успесите постигнати преку регионалната соработка како што се договорите за намалување и укинување на роамингот и за признавање на одредени дипломи, но додаде дека регионалниот економски простор е сепак ограничена рамка и треба да се зајакне со политички елемент.
На форумот за Западен Балкан со кој беше затворена конференцијата во Блед учествуваа повеќе влијателни гости од ЕУ и САД и министри за надворешни работи од регионот, меѓу кои и шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Никола Димитров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×