Брегу: Жените се клучот за економскиот раст на Балканот. Слушајте ги жените!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Клучот за отклучување на економскиот потенцијал во овој регион се жените. Секоја година економиите од Западен Балкан во просек губат околу 18% од бруто домашниот производ (БДП) поради родовиот јаз на пазарот на трудот – што е повеќе од вкупниот БДП на Србија, изјави во специјално обраќање по повод 8-ми март, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.
Majlinda-bregu

Таа истакна дека жените се уште се борат да постигнат економска сигурност. Брегу посочи дека е точно оти жените заработуваат помалку од мажите, но сепак само две од пет жени на Западен Балкан имаат работа или се уште ја бараат.
Стапката на вработеност кај жените во регионот изнесува 43,2%.

“Ние треба жените да ги снабдиме со вештини и искуство за управувања и за водење на бизнисот и во технички и оперативни улоги. Ние треба да размислиме за преобука на постојните вработени за да се осигураме дека имаме работна сила ориентирана кон иднината. Ние треба да се фокусираме на финансиското образование, вклучително и обуките за идентификување на вистинските финансиски производи и услуги, да им помогнеме на жените сопственички да можат да ги користат неопходните финансиски средства, да им помагаат на другите да го промовираат својот бизниси”, додаде Брегу.

Во пораката по повод 8-ми март, Брегу потенцира „Ние е нашата порака до жените денеска… Ние ќе продолжиме секаде во регионот“. Таа пораката ја заврши со императивна реченица – Слушајте ги жените!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×