Брегзит без договор може да ги чини фармите 850 милиони фунти годишно
Објавено на од во Економија
Брегзит без договор може да ја чини земјоделската индустрија 850 милиони фунти годишно во изгубени профити, открива е нова студија, цитирана од BBC.
Bregzit-750x437Според консултантите за земјоделство, без значително зголемување на владината поддршка, некои фарми ќе треба да направат големи напори за да преживеат. Авторот на студијата го опишува Брегзит без договор како поголем предизвик отколку кризата со кравјо лудило и шап.
Владата соопшти дека „ќе обезбеди директна помош за поддршка на некои сектори во случајов  тоа е неопходно“.
Со Брегзит без договор, за прв пат фармите можеби ќе треба да плаќаат царински давачки за стоки извезени во ЕУ . Извозот на јагнешко месо и живи овци може да подлежи на давачки од 45-50%, а според групи трговци и земјоделци за некои видови телешко месо може да има давачки од повеќе од 90%.
Доколку европските компании одеднаш мораат да платат повеќе за британското месо, се појавуваат стравувања дека може брзо да се свртат кон добавувачите во други земји.
Другите безцарински бариери, како што се дополнителни ветеринарни и царински гранични проверки, исто така ќе ги зголемат трошоците на земјоделците.
„Ова може да ја уништи индустријата за овци во Северна Ирска“, рекоа земјоделците од округот Антрим. „Повеќето наши овци се извезуваат во Франција и Република Ирска“, додаваат тие.
Фармите веќе добиваат над 3,5 милијарди фунти годишно во форма на европски субвенции според Заедничката земјоделска политика. Владата им порача на земјоделците дека овие нивоа на поддршка ќе се одржат до следните генерални избори и дека е вклучено во пресметките.
Во првата година по Брекзит без договор, профитот низ целата индустрија ќе се намали за 18%, или помеѓу 800 милиони и 850 милиони фунти, во однос на просекот од 2016-2018 година, според студијата.
Со Брегзит без договор, за млечен извоз ќе бидат наметнати повисоки царини и други ограничувања и стравувањата се дека ова ќе доведе до прекумерна потрошувачка на млеко во Велика Британија и пад на цените.
Во исто време, давачките за увоз од земји кои не се членки на ЕУ можат значително да се намалат, што значи дека британските земјоделци ќе се соочат со конкуренција од ефтин путер и сирење што се произведува таму.
Според земјоделецот Колин Фергусон, кој гласаше за излез од ЕУ на референдум во 2016 година, неизвесноста околу идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ е „најголемиот предизвик“ и веќе ги отежнува инвестициите во нови добивки и машини.
Според истражувањето, ефектите од Брегзит без договор нема да се чувствуваат подеднакво во секторот. Производството на јагнешко и телешко месо ќе биде најсилно погодено, особено во Велс и Северна Ирска. Другите сектори, како овошје и зеленчук, свињи и одгледување живина, може да забележат благ пораст на профитот, бидејќи конкурентите, како што е данската сланина, ќе бидат предмет на увозни давачки и пораст на цената.
Сепак, ова зависи од достапноста на работната сила во мигрантите по 31 октомври.
Според Мајкл Хеверти, кој го составил истражувањето, владата „неизбежно“ ќе мора да обезбеди значителна финансиска поддршка за неколку години, до прилагодувањето на фармите во некои сектори.
Во изјавата на министерството одговорно за животна средина и производство на храна се вели: „Бевме многу јасни дека по напуштањето на ЕУ на 31 октомври, ќе ја замениме Заедничката земјоделска политика со поправеден систем за поддршка на земјоделството и нашите нови трговски зделки ќе бидат од бенефит за земјоделците, деловните активности и потрошувачите во Велика Британија . Вкупните средства за поддршка на фармите ќе бидат заштитени до 2022 година, дури и во случај на Брегзит без договор. Ние исто така ќе интервенираме да обезбедиме директна поддршка за поддршка на некои сектори во случај тоа да е потребно”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×