Брегзитот и мигрантите главни теми на дводневниот самит на лидерите на ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел почнуваат со дводневниот самит на кој ќе разговараат за продолжувањето на излегувањето на Велика Британија од Унијата, како и за мигрантската криза.

ЕУ денеска би требало да одобри продолжување на преговорите за Брегзит и преминување на втората фаза од разговорите што се однесува на идните трговски врски со Велика Британија.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе предложи продолжување на преговорите со констатација дека е направен „доволен напредок“ за втората фаза од преговорите, според која после периодот на транзиција, Велика Британија би требало да го напушти членството во ЕУ на 29 март 2019 година.

Конечната одлука за втората фаза на преговорите ќе биде донесена утре, на продолжението на самитот на лидерите на ЕУ, но без британската премиерка Тереза Меј, која само денеска ќе присуствува на состанокот.

Меј во Брисел доаѓа ослабена, бидејќи во Парламентот не беше изгласан нејзиниот предлог за Брегзит.

Пратениците гласаа за амандман што предвидува конечниот договор меѓу Велика Британија и ЕУ да биде прво усвоен во Парламентот, на што се противи Владата.

Лидерите на ЕУ, покрај за Брегзит, ќе разговараат и за мигрантската криза и наоѓањето долгорочно решение за доаѓањето на мигрантите преку Средоземното море.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×