Breitling Avenger Hurricane – инструмент за професионалци … и за секој предизвик
Објавено на од во lifestyle

Breitling во суперлатив! Она што се забележува на прв поглед кај Breitling Avenger Hurricane е 50-милиметарското куќиште. Овој часовник го револуционизира часовничарството со ултра лесно и ултра цврсто куќиште изработено од футуристички материјал наречен Breitlight. Она што го задржува погледот е механизмот од сопствено, Breitling производство. Името кажува сѐ: со лансирањето на новиот хронограф Avenger Hurricane, Breitlingги поместува границите за инструментите за професионалци.

Екстремната моќ доаѓа со цврстото куќиште со дијаметар од 50 милиметри (XXL дијаметар), со целосно црн дисплеј со жолти детали.

Екстремните перформанси се постигнати преку иновативното користење на Breitlight, од кој за првпат е изработено куќиште на часовник. Breitlight е 3,3 пати полесен од титаниум и 5,8 пати полесен од челик, но и значително поцврст. Овој иновативен материјал има бројни бенефити: извонредна отпорност на гребнатини и корозија, анти-магнетен е, термички стабилен, хипоалергенски, а при допир е топол, за разлика од металите.

Екстремната сигурност/точност ја гарантира новиот Breitling B12 механизам, кој времето го покажува на скала од 24 часа, користена во војската и во авијацијата, и е сертифициран за својата точност од страна на COSC (Официјален швајцарски институт за тестирање на хронометри).

Екстремната функционалност ја дава читливоста на дисплејот, загарантирана со стрелки обложени со Super Luminova, сафирно стакло обложено со двоен анти-рефлектирачки слој, како и копчиња и круна со специјален дизајн што овозможува беспрекорна и непречена употреба.

Екстремниот комфор доаѓа со комбинацијата на жолта гума и високо отпорен текстил, што овозможуваат часовникот да се прилагоди на зглобот на корисникот.

Breitling Avenger Hurricane е нов инструмент за професионалци создаден од иновација, перформанси и храброст, поврзани да го споделуваат секој предизвик заедно со сопственикот, без разлика дали се на копно, на море или во воздух.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×