БРИМА: 59% од граѓаните очекуваат новата Влада да придонесе за подобрување на животот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мнозинството граѓани во Македонија имаат доверба во новата Влада и очекуваат од неа да придонесе за подобрување на животот, покажуваат резултатите од теренското истражување спроведено од 2 до 12 јуни од страна на БРИМА.

Од вкупно анкетираните, 59%очекуваат дека новата Влада ќе придонесе за подобрување на животот на граѓаните, а скоро двојно помалку, односно 27%, гледаат со скепса на идното работење на Владата.

Мнозинството од анкетираните или 57% имаат доверба во новата Влада – недоверба изразиле 34% од анкетираните. Во најголем број, доверба изразуваат етничките Албанци или 71%, потоа припадниците од другите етнички заедници со 61%, а етничките Македонци со 51%.

62% од анкетираните граѓани сметаат дека изборот на Зоран Заев за премиер е добро решение, додека 29% е лошо решение.

Резултатите од јунското истражување покажуваат дека во однос на истражувањето во март намален е бројот на граѓани кои сметаат дека државата се движи во погрешна насока, а зголемен е бројот на граѓани кои сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

Со истражувањето биле опфатени 1.193 граѓани на возраст над 18 години во осум региони. Интервјуата се правени лице в лице во домот на испитаникот со примена на TAPI метод. Маргиналната грешка изнесува +/- 2.84 проценти на ниво на доверба од 95%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×