Брисел им објави војна на супермаркетите – ја злоупотребуваат моќта на сметка на земјоделците
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Земјоделците од земјите во Европската унија се жалат дека немаат никакви шанси кога се поволните договори во прашање, додека се натпреваруваат со трговските гиганти – супермаркетите. Тврдат дека се работи за неправедно водење бизнис и бараат од ЕУ да се донесат закони со кои ќе им се стави крај на практиките од кои најголем проблем се нередовните плаќања и честото доцнење со исплатите од страна на големите трговски синџири.

Брисел засега успешно избегнуваше да се соочи со овој проблем, но во петокот еврокомесарот за земјоделство и рурален развој, Фил Хоган, во свој говор жестоко ги нападна супермаркетите.

„Супермаркетите уживаат „супер моќ“ поради двојниот ефект на зголемувањето на глобализацијата и високото ниво на концентрација во Европа. Тоа им овозможува непропорционална моќ над примарните производители. Нерамнотежата на моќта придонесува на земјоделците да им доцни плаќањето, да стравуваат од комерцијална измама и друго …“, изјави Хоган.

Тој најави нацрт закон со кој земјоделците ќе бидат заштитени и конечно ќе го „добијат својот дел од колачот“. Неговиот предлог се очекува на почетокот на следната година, и ќе вклучува нови правила чија цел е транспарентност на пазарот и зголемување на моќта на земјоделските задруги, за на земјоделците да не им се случуваат доцнење на исплатите, лоши договори и ограничена моќ во преговорите.

Меѓутоа, синџирите супермаркети тврдат дека се неправедно обвинети бидејќи не купувале стока директно од земјоделците, туку преку посреднички компании, на кои го ставаат целиот товар на проблемот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×