Брисел отвора истрага против гигантот “Амазон„
Објавено на од во Компании
Европската комисија отвора формална истрага против онлајн платформата “Амазон„ поради прекршување на правилата за конкурентност на ЕУ.
amazon-prime-dayЕвропските власти се сомневаат дека „Амазон“ ги злоупотребува податоците за продажбите на штета на помалите препродавачи кои ја користат оваа онлајн платформа, на пример преку детектирање на најпопуларните производи кај одредени профили на потрошувачи и корисници.
Како што објасни Европската комисија, „Амазон“ има двојна улога преку својата платформа: од една страна продава, а од друга им обезбедува место на помали независни продавачи за нивната активност.
Токму во овој втор случај се сомничи „Амазон“ дека „постојано собирал податоци за активностите на независните продавачи“. Според иницијалните информации во предистражната постапка, ЕК оценила дека „Амазон“ користи сензитивни информации во делот на конкурентноста, што би можело да значи дека гигантот ги прекршува правилата на ЕУ.
Комисијата сега ќе спроведе „продлабочена“ истрага во повеќе аспекти од активностите на “Амазон„ за да утврди дали има повреда на одредби од повелбите на ЕУ.
Ова е третпат како Европската комисија го истражува „Амазон“, неодамна платформата беше принудена да му исплати 250 милиони евра на Луксембург поради фискални аранжмани од 2003 година со оваа земја. Другиот предмет отворен од страна на ЕК се однесуваше на електронските книги, во овој случај не беше изречена санкција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×