Брисел сака користењето на заедничкиот буџет на ЕУ да го услови со владеење на правото во државите-членки
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија обмислува да ги поврзе почитувањето на владеењето на правото во државите на Европската унија и обезбедувањето средства од заедничкиот буџет. Ова го објави еврокомесарот за буџет и човечки ресурси, Гинтер Етингер, на прес-конференција.

Тој рече дека има два пристапи – за непочитување на владеењето на правото да следи одземање на пристапот до финансирање, или обратно, при доследно почитување на владеењето на правото да бидат обезбедени повеќе европски средства за соодветната држава. Одлуката кој пристап ќе се примени ќе биде извесна напролет.

Овие можности ги разгледуваме зашто се дозволени според договорите за ЕУ, објасни Етингер. Додаде дека за да биде прифатен предлог за ова прашање ќе биде неопходно „јасно мнозинство“. Според неговите зборови, владеењето на правото и независноста на судската власт имаат клучно значење за ЕУ и за економијата.

Последниве месеци прашањето за владеењето на правото стана особено актуелно, откако Полска донесе серија спорни реформи на судскиот систем, со што ја принуди ЕК да почне казнена процедура без преседан. Истата може да доведе до одземање на правото на Полска да гласа во Советот на ЕУ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×