Брисел: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 12 април на полноќ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Како што сега стојат работите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, соопшти денеска Европската комисија.
3d_eu„Општиот впечаток за сценарио „без договор“ не може да се ублажи. Подготовките продолжуваат во земјите членки со поддршка од страна на Комисијата, а многу е важно да се обезбеди националните царински инфраструктури и логистика да бидат подготвени за такво сценарио“, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.
Комисијата посочува дека ЕУ жали поради решението на Велика Британија да го напушти блокот, но дека ја почитува таквата одлука, додавајќи дека Брегзит никогаш не бил избор на Унијата, како и дека британското истапување без договор не е сценарио што го поддржува Брисел.
Во меѓу време, еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави дека царинската инфраструктура на Унијата е подготвена веднаш да воспостави царинска контрола и наплата на ДДВ на стоката што доаѓа од Велика Британија.
„Во областа на царините и оданочувањето, Брегзит без договор би значело моментно воспоставување на царинска контрола на стоката што доаѓа од Велика Британија, на нови царински формулари за компаниите што тргуваат со Обединетото Кралство и на наплата на ДДВ за стоката од Велика Британија“, истакна Московиси.
Тој информира дека Еврокомисијата и земјите членки на ЕУ се во контакт со компаниите што имаат деловни односи со Велика Британија, со цел да се подготват за почитување на царинските обврски, доколку дојде до Брегзит без договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×