Британската фунта на најниско ниво во последните 30 години
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вредноста на британската фунта го продолжи падот во однос на доларот, па така сега има најниска вредност во последните 30 години, што е одраз на загриженоста на инвеститорите од т.н. “тврдo” излегување од Европската унија.

Pound Seen Tumbling Whether U.K. Stays In EU Or Seeks 'Brexit'Фунтата вчера утрото падна на 1,2757 долари, што е најниско ниво од 1985 година.
Загриженоста од т.н. тврд брегзит почна да расте откако премиерката Тереза Меј во неделата најави дека постапката за излегување од ЕУ планира да ја отпочне до крајот на март 2017 година. Нејзиниот говор, во која таа одлучно истакна дека Британија по секоја цена ќе ја задржи контролата на границите, ги поттикна стравовите кај инвеститорите дека излегувањето на Британија од ЕУ би можело да се случи без постигнување на компромис, што би било најлоша опција, која би можела да значи и губење на пристапот до единственит европски пазар.

Но, падот на фунтата го поттикна растот на главниот индекс на Лондонската берза FTSE 100, кој порасна над 7.000 поени во првите тансакции во текот на денот, што е прв таков раст од јуни минатата година.

Индексот на Лондонската берза расте бидејќи се очекува дека падот на вредноста на фунтата ќе претставува голем поттик на големите британски компании чии акции се вклучени во FTSE 100, кои главно се извозно ориентирани и најголем дел од приходите и профитот ги остваруваат во странство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×