Британската премиерка Тереза Меј во официјална посета на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Церемонијата за добредојде на британската делегација ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

По средбите, претседателите на Владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Во рамки на овој настан, во 14:30 часот е предвиден брифинг со сите претставници на медиумите и портпаролите на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа во Медиа Центарот на Владата на Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×