Британскиот министер за брегзит поднесе оставка
Објавено на од во Политика

Dominik rabБританскиот министер за брегзит, Доминик Раб денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ, објавија британските медиуми. Тој порача дека совеста не му дозволува да го поддржи нацртот на тој договор, пренесе Би-би-си.

Британската премиерка, Меј, синоќа по петчасовниот состанок на Владата, објави дека обезбедила поддршка за договорот за брегзит.

Раб го наследи Дејвид Дејвис, кој исто така се повлече од функцијата поради плановите за брегизт на Тереза Меј. Двајцата се дел од групата министри кои не се согласуваат со договорот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск претходно најави во недела вонреден самит, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×